Факултет за физичко образование ги отвори вратите за матурантите на Спортска академија

На иницијатива на директорот на Спортска академија, Дејан Јовановски, првата генерација матуранти од оваа образовна институција денеска присуствуваше на „Отворениот ден“ и запознавање со програмите за студирање на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОЗС).

vujica zivkovic so lence i jovanovski

Оваа можност беше искористена за обраќање на првите луѓе на ФФОЗС кон актуелните млади спортисти кои се пред голема одлука за сопствената академска кариера. Деканот Вујица Живковиќ ја поздрави иницијативноста и залагањата на Јовановски, посочувајќи ја нашата кошаркарска легенда како пример за идните генерации. Тој ја потенцираше улогата на ФФОСЗ како нивна матична средина, каде што секогаш имаат отворени врати за едукација, но и за совети околу сопствените кариери, тренинг и исхрана.

dekan prodekani

– Најбитна е нашата двојна улога, од една страна како место за секој спортист кој сака да напредува во кариерата, но од друга страна да биде подготвен за она што го очекува натаму во животот откако ќе заврши со активното бавење со спорт. Оние спортисти кои ќе се определат за ФФОСЗ ќе можат да останат во контакт со спортот целиот свој живот, – рече Живковиќ.

maturanti sportska akademija cetiri deca

Од продеканите Ленче Алексовска Величковска и Милан Наумовски, матурантите од Спортската академија можеа да слушнат повеќе детали за организациската поставеност на факултетот, како и за Институтот за спорт кој активно работи со некои македонски спортисти, вклучувајќи ги освојувачите на медали од светот на каратето, како и за наставните програми, при што постои можност да се определат за образование во насока за професори по физичко образование или за спорт. Беа претставени и повеќе други соработници и професори на факултетот кои на дел од матурантите им се познати како стручни соработници или тренери во спортовите каде што работат со најдобрите сениори и репрезентативци на Македонија.

Сподели:
Facebooktwittergoogle_pluslinkedinFacebooktwittergoogle_pluslinkedin

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*