О Г Л А С за пријавување за упис на ученици во прва година во првиот уписен рок во учебната 2020/2021 год.

Врз основа на Конкурсот на Министерството за образование и наука за упис на
ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија ,Законот за спортска
академија (Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.114/14 и 129/15), Одлуката на Владата
за основање на спортска Академија (Сл. Весник на Р.М. бр.217 од 11 Декември 2015г од.,
Статутот на ДСУ Спортска Академија – Скопје , Училишната комисија на ДСУ Спортска
Академија во состав:
1. Ванчо Димовски – претседател
2. Небојша Ѓуковиќ – заменик претседател
3. Предраг Митковски – професор
4. Глигор Санев – професор
5. Милева Велкова – професор
5. Виолета Здравковиќ – член од УО
О б ј а в у в а:
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за пријавување за упис на ученици во прва година во првиот уписен рок во учебната
2020/2021 год.
Во Државното средно училиште Спортска Академија – Скопје за наставен план за
гимназиско образование – спортска академија паралелки за кошарка, ракомет , фудбал и
тенис во учебната 2020/2021 год. во прва година, во прв уписен рок ќе се запишат
паралелки за кошарка, ракомет, фудбал и тенис просторно сместени во седиштето на ДСУ
Спортска Академија – Скопје и дисперзирани паралелки просторно сместени во:
– СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола, фудбал;
– СОУ „Перо Наков“ – Куманово, кошарка;
– ОУТУ „Ванчо Питошевски“ – Охрид, фудбал;
– СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, фудбал;
– СОУ „Никола Карев” – Струмица, фудбал;
– СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, фудбал (македонска и албанска паралелка);
– СОУ „Коле Нехтенин” – Штип, фудбал.
Во Спортската академија ќе се запишуваат редовни ученици кои завршиле
основно образование, се стекнале со соодветен успех во основното образование во
Република Северна Македонија и имаат потврда за способности за спортски вештини, за спортот
за кој ученикот е проверуван согласно со членот 9 став (2) од Законот за спортска
академија (Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.114/14 и 129/15),
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни
2020 година од 07:00ч. до 15:00ч. , а ранг листите со резултатите од запишувањето и
слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.
Право на упис имаат сите ученици кои завршиле основно образование и не се
постари од 17 год. , ги поминале селекциите во спортот за кој што се определиле и за
што се здобиле со потврда за успешно помината проверка на спортските вештини.
За пријавување за упис се потребни следните документи:
1. Пријава за упис во прва год.
2. Оригинални свидетелства од VI до IX одд.
3. Оригинален извод од матичната книга на родените без оглед на датумот на
издавање
4. Здравствен картон за имунизација
5. Нострифицирани документи и уверение за регулиран државјански статус за
учениците кои едно или повеќе одделенија од основното образование ги
завршиле во странство
6. Потврда за помината селекција издадена од спортската федерација
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020
година од 07:00ч. до 15:00ч., а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се
објават на 26 јуни 2020 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020
година од 07:00ч. до 15:00ч., а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се
објават на 30 јуни 2020 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо
напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после
јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.
Обврска е документите да ги поднесе лично ученикот, родителот или неговиот
старател. Учениците од дисперзираните паралелки исто така документите ги доставуваат
во седиштето на ДСУ Спортска Академија – Скопје .
Учениците кои што нема да бидат примени се должни во рок од 48 часа по
објавувањето на резултатите да ги подигнат документите.

04.05.2020 година                   Претседател на Училишна комисија,
С К О П Ј Е                                 Ванчо Димовски
_________________