Посета на Градската библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Скопје

На 14.11.2022 година во организација на проф. Катерина Каровчевска и Анета Трајковска-Милева во Градската библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Скопје, беше организирана посета за учениците од прва и трета год. од ДСУ Спортска академија – Скопје. Учениците беа запознаени со одделите за литература за деца и возрасни како и со читалните и атрактивните програми што ги организира библиотеката. Учениците исто така се запознаа и со богатата збирка на дневен, неделен и месечен печат од првите броеви на македонските весници ,,Вардар” и ,,Нова Македонија”. Посебен интерес за учениците предизвика средбата со одделот за периодика и Спомен-собата на браќата Миладиновци ,,Т’га за југ”. Целта на организираната посета беше учениците да ги прошират стекнатите знаења за животниот пат на струшките браќа Димитар и Константин Миладинов, а воедно да ја осознаат нивната значајна улога во историјата на македонската преродба. Пред се’, учениците се запознаа со поетското творештво на основоположникот на македонската уметничка поезија Константин Миладинов, како и со собирачката дејност на браќата Миладиновци претставена преку Предговорот кон ,,Зборникот на Миладиновци” – камен-темелник на македонската историја и култура, а исто така и прв обид за научен труд од областа на народната литература, првиот преглед, а воедно и првиот обид за нејзина класификација.