Пријателски фудбалски напревар Спортска академија со Шишка академија Словенија

Фудбалерите од Спортска академија родени 2004/05 ја продолжија долгодишната соработка со збратимената академија Шишка од Словенија во одигрување пријателски натпревари. Првиот натпревар се одигра на 16.12 Петок на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров а како победник искочи екипата на Спортска академија со голот на Матео Софијановски во 45 минута. Наредниот натпревар се игра во Недела 18.12 со почеток во 12:00 на терените на ФФМ