Запишани ученици во првиот уписен рок во ДСУ Спортска академија по сите спортови и градови за учебната 2020/2021 година

Во првиот уписен рок (16ти, 17ти и 18ти јуни 2020 година) се запишаа и примија вкупно 226 ученици од кои 203 на македонски наставен јазик и 23 на албански наставен јазик. Се формираа 15 паралелки во следниве градови: во Скопје 78 ученици во паралелки за фудбал, ракомет машки, ракомет женски, кошарка и тенис, фудбалски дисперзирани паралелки во Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Штип, Велес, Тетово (македонска и албанска паралелка) и Гостивар (албанска паралелка), како и дисперзирана паралелка за кошарка во Куманово. Процесот на запишување се реализираше согласно протоколот од Министерство за образование и наука за заштита од Ковид 19, при што сите мерки беа испочитувани и спроведени. Сите ученици кои се примени ги поминаа и селективните тренинзи кои беа реализирани пред уписниот рок.
Во прилог се листите на примените ученици по спортови и по градови

Сподели:
FacebooktwitterlinkedinFacebooktwitterlinkedin