ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ ЗА АПРИЛСКA ИСПИТНА СЕСИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

1. Пријавувањето на вонредни испити за априлска испитна сесија ќе се врши од 1 април 2020 година до 10 април 2020 година.
2. Пријавувањето на вонредните испити ќе се врши по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ на следната e-mail адреса: dsusportskaakademija@gmail.com со задолжителна назнака во Subject: ,,За пријавување на вонредни испити“.
3. Кандидатите кои ќе пријавуваат вонредни испити се должни од web страната на училиштето каде што има прикачено ПРИЈАВА(МОЛБА) и ЗАПИСНИК за полагање на вонредни испити да ги пополнат и да ги достават на горенаведената e-mail адреса.
4. Кандидатите кои ќе пријавуваат вонредни испити се должни да пополнат ЗАПИСНИК за секој вонреден испит поединечно.
5. Кандидатите кои ќе пријават вонредни испити се должни да извршат уплата на соодветен паричен надоместок за полагање на вонредни испити и уплата за административна такса НАЈДОЦНА ДО 10 АПРИЛ 2020 година(на маил ќе добијат информација за висината на износот во зависност од пријавените испити), а уплатниците ќе бидат предадени кај одговорното лице за водење на вонредни испити по завршување на вонредната состојба во Република Северна Македонија.
6. Полагањето на вонредните испити ќе се врши по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ за што дополнително ќе бидете известени и по распоред што дополнително ќе се објави.

Записник за испит
Молба за полагање вонредни испити

Датум,
1.4.2020 Директор
Ванчо Димовски

Сподели:
FacebooktwitterlinkedinFacebooktwitterlinkedin