ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Почитувани ученици/родители/старатели,

Ве поздравуваме и Ви посакуваме среќен почеток на оваа учебна 2020/2021 година во услови на пандемија со КОВИД-19!

Во пресрет на почетокот на новата учебна 2020/2021 година која несомнено со себе ги носи и предизвиците од пандемијата со КОВИД-19, со Вас ги споделуваме следниве информации:

  1. Учебната година со одржување на настава (online-часови преку Националната платформа и практични часови со физичко присуство) започнува на 01.10.2020 (четврток) со реализирање на online-класен час со Вашиот класен раководител.
  2. Воспитно-образовниот процес ќе се реализира комбинирано, со тоа што теоретските предмети ќе се реализираат Online преку Националната платформа за учење на далечина, а практичните предмети ќе се реализираат со физичко присуство во спортските објекти.
  3. Наставата ќе се реализира во две смени I-ва и II-ра, со тоа што две недели I-ва смена, па потоа две недели II-ра смена. Во Скопје започнуваме со II-ра (втора) смена од 13:30 часот со online-часовите, односно, со класен час во терминот во кој Ви е закажан на платформата од страна на класниот раководител. Во дисперзираните паралелки започнувате во термините и смените кои Ви се посочени од страна на Вашите класни раководители исто така со online-класен час.
  4. Практичните предмети ќе се реализираат со физичко присуство, односно, присуство во сала/терен, базен.
  5. За распоредот и местото на реализирање на овие часови дополнително ќе Ве организираат класните раководители, односно, менторите по спортови.
  6. Реализацијата на овие предмети ќе се води по Протоколите одобрени од Владата на Република Северна Македонија.
  7. Општообразовните предмети (теоретски) ќе се реализираат преку одржување на online-часови преку Националната платформа за учење на далечина и Microsoft Teams.
  8. Реализацијата на овој вид на настава наставниците ќе ја спроведуваат од училиштето преку техничките средства – компјутер.
  9. За техничката поддршка на учениците родителите добија информација каква техничка поддршка е потребна на IT-уред.
  10. За реализирање на овој вид на настава сите ученици добивте свои акаунти (кориснички имиња и лозинки) со кои се најавивте на платформата и веќе одржавте пробни часови. Часовите ќе се реализираат на тој начин, при што треба да го следите распоредот на часови кој ќе биде објавен и на Националната платформа и самите наставници ќе ги внесуваат термините за реализација по предмети во Календарот на платформата. Распоредот исто така ќе Ви биде споделен посебно од секој класен раководител. Потребно е секојдневно да следите на Календарот кој час кога е закажан и да се приклучувате во тоа време за да го следите часот. Бидете активни!
  11. Оние ученици кои немаат добиено кориснички имиња и лозинки, ќе се обратат до класен раководител за секој следен чекор кој ќе се преземе додека да добијат.
  12. Во училиштето секојдневно ќе работи стручната служба. Исто така, за консултации со родители и ученици стручната служба е отворена во наведените термини во Распоредот за приемни денови.
  13. Во однос на целокупната организација на воспитно-образовниот процес на нашето училиште, изготвени се протоколи според кои ќе се работи и делува оваа учебна година:
  14. План и Протокол на ДСУ Спортска академија за реализација на воспитно-образовниот процес во услови на пандемијата со КОВИД-19;
  15. План и Протокол за постапување на средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес за учебна 2020/2021 година од МОН;
  16. План за реализација на online – настава со учениците во услови на КОВИД-19;
  17. Кодекс за учениците за учење на далечина во услови на КОВИД-19;
  18. Куќен ред (додаток) на училиштето во услови на КОВИД-19;
  19. План за организација на online-часови и одмори во услови на КОВИД-19;
  20. План за организација на влегување и излегување во/од училиштето за наставниците и посетителите во услови на КОВИД-19;
  21. План за одржување на хигиената во училишниот објект и организација на техничките работи во услови на КОВИД-19;
  22. Календар за работни, неработни денови, работни недели, патрон празник, распуст на училиштето за учебна 2020/2021 година;
  23. Распоред за организација на додатна, доолнителна настава на наставниците за учебна 2020/2021 година;
  24. Распоред на приемни денови на наставниците за учебна 2020/2021 година;
  25. Распоред за приемни денови на стручната служба на училиштето за учебна 2020/2021 година
  26. Во однос на сите ваши дилеми, обратете се до класниот раководител или дирекно до стручната служба на училиштето во приемните денови по распоредот.

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК!

Сподели:
FacebooktwitterlinkedinFacebooktwitterlinkedin