ИНТЕРЕН ОГЛАС за пријавување на ученици за упис во прва година во првиот уписен рок во учебната 2021/2022 год.

Врз основа на Конкурсот на Министерството за образование и наука за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година, во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ брoj 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 229/2020) Законот за Спортска Академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018), Одлуката на Владата за основање на Спортска Академија (Сл. Весник на Р.М. бр.217 од 11 декември 2015год.) и Статутот на ДСУ Спортска Академија – Скопје, Училишната комисија на ДСУ Спортска Академија во состав:
1. Ванчо Димовски – претседател
1. Небојша Ѓуковиќ – наставник
2. Предраг Митковски – наставник
3. Глигор Санев – наставник
4. Милева Велкова – наставник
5. Виолета Здравковиќ – член од УО

О б ј а в у в а:
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за пријавување за упис на ученици во прва година во првиот уписен рок во учебната 2021/2022 год.

Во Државното средно училиште Спортска Академија – Скопје за наставен план за гимназиско образование – спортска академија паралелки за кошарка, ракомет, фудбал и тенис во учебната 2021/2022 год. во прва година, во прв уписен рок, ќе се врши упис во:
1. Седиштето на ДСУ Спортска Академија – Скопје ќе се запишат паралелки за: кошарка, ракомет, фудбал и тенис
2. За дисперзирани паралелки на ДСУ Спортска Академија – Скопје, просторно сместени во:
– СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола: фудбал, ракомет,
– СОУ „Перо Наков“– Куманово: кошарка,
– ОУТУ „Ванчо Питошевски“– Охрид: фудбал,
– СОУ Гимназија „Мирче Ацев“– Прилеп: фудбал,
– СОУ „Никола Карев” – Струмица: фудбал,
– СОУ„Кирил Пејчиновиќ“– Тетово: фудбал (македонска и албанска),
– СОУ „Кочо Рацин“– Велес: фудбал,
– СОУ „Гостивар“– Гостивар: фудбал (албанска) и
– СОУ „Коле Нехтенин” – Штип: фудбал.

Во Спортската академија ќе се запишуваат редовни ученици кои:
– завршиле основно образование,
– се стекнале со соодветен успех во основното образование во Република Северна Македонија и
– имаат потврда за способности за спортски вештини, за спортот за кој ученикот е проверуван согласно со членот 9 став (2) од Законот за Спортска Академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018).

Право на упис имаат сите ученици кои завршиле основно образование и не се постари од 17 год. , ги поминале селекциите во спортот за кој што се определиле и за што се здобиле со потврда за успешно помината проверка на спортските вештини.

За пријавување за упис се потребни следните документи:
1. Пријава за упис во прва год.
2. Оригинални свидетелства од VI до IX одд.
3. Оригинален извод од матичната книга на родените без оглед на датумот на издавање
4. Здравствен картон за имунизација
5. Нострифицирани документи и уверение за регулиран државјански статус за учениците кои едно или повеќе одделенија од основното образование ги завршиле во странство
6. Потврда за помината селекција издадена од спортската федерација

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на а 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Обврска е документите да ги поднесе лично ученикот, родителот или неговиот старател. Учениците од дисперзираните паралелки исто така документите ги доставуваат во седиштето на ДСУ Спортска Академија – Скопје.
Приемот на документите ќе се реализира согласно Протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

16.04.2021 година
С К О П Ј Е
Претседател на Училишна комисија
Ванчо Димовски

Интерен оглас за пријавување на ученици за упис во прва година во првиот уписен рок во учебната 2021/2022 год.
Kомисии за прием Скопје за упис 2021-22 година
Kомисии дисперзирани одговорни за упис 2021-22 година

Сподели:
FacebooktwitterlinkedinFacebooktwitterlinkedin