
Со особена гордост го споделуваме успехот на нашиот ученик Никола Дојчиновски, ученик во прва година во Спортската академија-Штип, кој освои трето место по математика на општинскиот натпревар за средно образование.
Овој успех е доказ дека дисциплината, упорноста и фокусот што се градат преку спортот се клучни и за академските достигнувања. Никола покажува дека спортот и знаењето одат рака под рака, а вистинските шампиони победуваат и на теренот и во училницата.
Му честитаме на Никола и му посакуваме уште многу победи – и спортски и образовни