Охрид

Катерина Стојаноска професор по теоретски основи на фудбал и атлетика на трета година паралелка за фудбал

Катерина Стојаноска професор по теоретски основи на фудбал и атлетика на трета година паралелка за фудбал, за онлајн комуникација со моите ученици користам  група на фб.( Спортска академија III и IV фудбал) која што е од затворен тип и во неа имаат пристап само учениците од III и IV година, професорот по македонски јазик и професорката по биологија кои предаваат во тој клас. Во прилог ќе ставам дел од материјалите со кои што работиме. Другите материјали во континуитет ќе бидат поставени во групата. За дополнителни прашања и нејаснотии обратете се на мојот маил: katerina_stojanoska84@yahoo.com

Перчо Божиновски, професор по македонски јазик и литература, трета и четврта година парелелки по фудбал

Драги ученици и почитувани родители,
Наставата продолжува да се организира преку далечинско учење со примена на средства за електронска комуникација и овозможување заемна двонасочна комуникација.За таа цел функционира веќе постоечката ФБ-група СПОРТСКА АКАДЕМИЈА III и IV фудбал (https://www.facebook.com/groups/234245367765551) каде што континуирано се објавуваат материјали, презентации, видеа, квизови и задачи кои се користат на часовите и дома. Во групата се поставуваат линкови од неколку едукативни алатки за работа како и од веб-страницата на која има образовни материјали: (https://sites.google.com/view/materijalizanas/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0?authuser=0).
Со почит,
проф. Перчо

Александар Бакулески професор по предмети;Тренинг фудбал и Теоретски основи на фудбал. Во Охрид фудбалска паралелка, II година.

За тренинг фудбал моментално користиме видеа од тренинзи на кои се насочуваме на пример сега моментално работиме на посед на топка и гледаме видеа од тренинг центри кои многу професионално работат..видеото е на следниов линк на Јутуб How to perfect the possession game | Soccer passing drill | Nike Academy
Материјалите можете да ги преземете во прилог:
ТУКА И ТУКА

Материјали по ТОФ од проф. Иво Танески Iва Охрид

Потребниот материјал може да го превземете тука

Ацо Чашитовски е класен раководител на Ivгодина фудбалска дисперзирана паралелка во Охрид и професор по предметите: Теоретски основи на фудбал, Тренинг фудбал, Основи на биомеханика Пливање

Професор Ацо Чашитовски е класен раководител на Ivгодина фудбалска дисперзирана паралелка во Охрид и професор по предметите: Теоретски основи на фудбал, Тренинг фудбал, Основи на биомеханика Пливање и за истите во периодот на карантин користиме е-настава преку месинџер група (затворена) и меил комуникација со учениците. За дополнителни консултации на меил: aco5@hotmail.com
Потребниот материјал може да го превземете тука

Даниел Вретоски професор во паралелка за фудбал I, III и IV-та година во Охрид, предава: Психологија и Спортска психологија

Професор Даниел Вретоски професор во паралелка за фудбал I, III и IV-та година во Охрид, предава: Психологија и Спортска психологија. За време на вонредната состојба поради корона вирусот со учениците комуницираме преку ФБ-групи, каде ги споделувам материјалите за учење и Zoom апликацијата кога треба да се врши одбрана на проектните задачи за матура.

Материјали и инфо за Билјана Шапкарова Охрид

Професор Билјана Шапкарова предава Англиски јазик во сите 4 години во Охрид. Таа со учениците има направено 4 вибер групи и комуницира преку вибер групите и преку е-маил.За консултации меил:   bsapkar@yahoo.com
Потребниот материјал може да го превземете тука

Мимоза Костоска Професор по биологија во трета и четврта година дисперзирана паралелка во Охрид

Kомуницирам преку преку е-маил и преку вибер, додека во 4 година комуницирам во затворена фб месинџер група. за се што е поврзано со наставата и наставните материјали. Започната е процедура за изработка, прифаќање и користење на Edmodo платформа, а исто така во процедура е и прфаќање на ЗООМ платформа на електронско учење.

Во прилог ви испраќам материјали кои ги имам споделено со учениците.
Потребните материјали може да се симнат тука
За сите дополнителни прашања обратете се на следниот е-маил: kos_mimoza@hotmail.com
Останете во добро здравје,
Со почит, Мимоза Костоска, Охрид.

Сподели:
FacebooktwitterlinkedinFacebooktwitterlinkedin