СРЕЌНО МАТУРАНТИ!

Драги наши ученици,
Учебната година заврши, но вашите чекори ќе продолжат напред! Во нашето училиште вие бевте нашите очи, нашето лице, нашата иднина и такви ќе останете и понатаму.
Ние сме среќни за вас што сите успешно го завршивте овој четири годишен процес на учење со многу позитивни нешта.
Паметно бирајте ги животните чекори и не се откажувајте од соништата затоа што соништата се за да се исполнат. Сите што ќе продолжите на факултет, во морето од нови пријатели, не ги заборавајте старите. Вашите заеднички спомени и слики секоја година ќе ви вредат и значат се повеќе и повеќе.
Животот ќе ви носи многу предизвици. Бидете амбициозни, полнете се со знаење и убаво воспитување.
Овој чин, ве внесува во светот на зрелоста, во светот на возрасните и уште повеќе ја истакнува вашата лична и општествена одговорност. Овој чин ве носи на крстопат, кон нови животни патеки и предизвици.Почитувајќи ја вашата младост, креативност, инвентивност и способност да напредувате, ви посакувам, лесен чекор во зрелоста, совладување на сите тешкотии и предизвици. Посакуваме во животот да градите мостови на пријателство, соработка и разбирање! Веруваме во вас и ве гледаме како креатори на нови успеси и достигнувања.
Ви посакуваме многу здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план.
ДСУ Спортска академија

Сподели:
FacebooktwitterlinkedinFacebooktwitterlinkedin