
ДСУ Спортска академија за учениците од IV година, покрај подготвителниот период од 20 до 25 мај предвиден во Календарот за организација на учебната 2016/2017 година, организира подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои ќе полагаат матурски испити.
Целта на оваа мерка е да им се помогне на учениците при подготовка за матурски испити, како и остварување на подобри резултати на истите што во значителна мера влијае при запишувањето на додипломски студии.
Наставата, односно консултациите ќе започнат да се одвиваат од месец април, а термините дополнително ќе бидат утврдени во договор со професорите.
Leave a Reply