ИЗВЕСТУВАЊЕ
за спроведување на упис на ученици во прва година (трето пријавување) за учебна 2020/2021 година во ДСУ Спортска академија
Почитувани ученици и родители/старатели на ученици,
Ве известуваме дека третото пријавување за запишување во прва година за учебна 2020/2021 година во ДСУ Спортска академија е на 29 јуни (понеделник) од 07:00 часот до 13:00 часот.
Приемот на документите ќе биде организиран според азбучен ред од презимето и тоа на следниов начин:
Час за прием 29.06.2020
07:00 – 07:40 А,Б,В,Г
07:40 – 08:20 Д,Ѓ,Е,Ж
08:20 – 09:00 З,Ѕ,И,Ј
09:00 – 09:40 К,Л,Љ,М
09:40 – 10:40 Н,Њ,О,П
10:40 – 11:20 Р,С,Т,Ќ
11:20 – 12:00 У,Ф,Х,Ц
12:00 – 13:00 Ч,Џ,Ш
На уписот потребно е да дојдете со комплетирани и пополнети документи:
1. Пријава за упис во прва год. (комплетно пополнета).Преземете ја на следниов линк:http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/3267-2020-2045
2. Изјава за просек 3,50 потпишана од родител. Во прилог:
3. Оригинални свидетелства од VI до IX одд.
4. Оригинален извод од матичната книга на родените без оглед на датумот на издавање
5. Нострифицирани документи и уверение за регулиран државјански статус за учениците кои едно или повеќе одделенија од основното образование ги завршиле во странство
6. Потврда за помината селекција издадена од спортската федерација (доказ)
На уписот задолжително да се придржувате и да ги следите препораките и насоките за заштита од вирусот Ковид 19 кои се наведени во Протоколот за спроведување на упис на ученици кој е во прилог:
Протокол за ученици и родители/старатели на ученици за време на спроведувањето на уписот во прва година во учебна 2020/2021 година за заштита од Ковид 19:
1. Задолжително носење на заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.
2. Влезот е дозволен само на ученикот, не и на неговиот родител, се дозволува само во посебен случај кога ученикот е спречен од оправдани причини да не може сам да ги предаде документите.
3. Следете ги редарите и почитувајте ги нивните препораки во училишниот двор и во училиштето кои ќе ве насочуваат за насоката на движење, односно, да влегувате еден по еден, откако редарот ќе ви дозволи.
4. Бидете трпеливи и чекајте ред пред училиштето и чекајте ред.
5. Одржувајте социјално растојание од најмалку 2 метри од лицата околу вас пред училиштето и во училиштето.
6. Дезинфицирајте ги рацете со средствата за дезинфекција на влезот на училиштето и во просторијата каде се врши прием на документите.
7. Дојдете со комплетирани документи. Заради заштита од Ковид 19 за сите присутни, не смееме да дозволиме комплетирање на документите во училиштето.
Со почит,
ДСУ Спортска академија