ИНТЕРЕН ОГЛАС за пријавување за упис на ученици во прва година во првиот уписен рок во учебната 2023/2024 год.


Врз основа на Конкурсот на Министерството за образование и наука за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година, во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ брoj 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 229/2020) Законот за Спортска Академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018), Одлуката на Владата за основање на Спортска Академија (Сл. Весник на Р.М. бр.217 од 11 декември 2015год.) и Статутот на ДСУ Спортска Академија – Скопје,  Училишната комисија  на ДСУ Спортска Академија во состав:

1. Ванчо Димовски  – претседател

1. Небојша Ѓуковиќ – наставник

2.  Предраг Митковски   – наставник

3. Глигор Санев  – наставник

4. Милева Велкова – наставник

5. Нермин Чолиќ –  член  од  УО

О б ј а в у в а:

И  Н  Т  Е  Р  Е  Н     О  Г  Л  А  С

за  пријавување за упис на ученици во прва година во првиот уписен рок во учебната 2023/2024 год.

Во Државното средно училиште Спортска Академија – Скопје за наставен план за  гимназиско  образование – спортска академија паралелки за кошарка, ракомет, фудбал и тенис во учебната 2023/2024 год. во прва година, во прв уписен рок, уписот ќе се врши на следниов начин:

  1. Електронско аплицирање преку линк до порталот за Е-услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk/  со специјална најава за средношколци, преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. и

2. Доставување на документи:

– До седиштето на ДСУ Спортска Академија – Скопје паралелки за: кошарка, ракомет, фудбал и тенис и

– До седиштето на училиштата во дисперзирани паралелки на ДСУ Спортска Академија – Скопје, просторно сместени во:

– СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола: фудбал, ракомет,

– СОУ „Перо Наков“– Куманово: кошарка,

– ОУТУ „Ванчо Питошевски“– Охрид: фудбал,

– СОУ Гимназија „Мирче Ацев“– Прилеп: фудбал,

– СОУ „Никола Карев” – Струмица: фудбал,

– СОУ„Кирил Пејчиновиќ“– Тетово: фудбал (македонска и албанска),

– СОУ „Кочо Рацин“– Велес: фудбал,

– СОУ „Гостивар“– Гостивар: фудбал (албанска) и

– СОУ „Коле Нехтенин” – Штип: фудбал

– СОУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци: кошарка

Услови за упис

Во Спортската академија ќе се запишуваат редовни ученици кои:

  • завршиле основно образование,
  • се стекнале со соодветен успех во основното образование во Република Северна Македонија и
  • имаат потврда за способности за спортски вештини, за спортот за кој ученикот е проверуван согласно со членот 9 став (2) од Законот за Спортска Академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018).

Право на упис имаат сите ученици кои завршиле основно образование и не се постари од 17 год. ,  ги поминале селекциите во спортот за кој што се определиле и  за што се здобиле со  потврда за успешно помината проверка на спортските вештини.

За пријавување за упис се потребни следните документи:

1. Пријава за упис во прва год.

2. Оригинални свидетелства од VI   до IX  одд.

3. Оригинален извод од матичната книга на родените без оглед на датумот на издавање

4.  Здравствен картон за имунизација – копија

5. Нострифицирани документи и уверение за регулиран државјански статус за учениците кои едно или повеќе одделенија од основното образование ги завршиле во странство

6. Потврда за помината селекција издадена од спортската федерација

Датуми, термини за електронско аплицирање и доставување на документи:

  1. Прво пријавување:

Електронско аплицирање:

            – 20 јуни 2023 до 24:00 часот,

            – 21 јуни 2023 до 15:00 часот

            Прелиминарната листа на запишани ученици се објавува на 22 јуни 2023 година на e-uslugi.mon.gov.mk на интернет страната на www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот

            Доставување документи:

            – 22 јуни 2023 од 12:00 часот до 19:00 часот

– 23 јуни 2023 од 07:00 часот до 19:00 часот

Конечната ранг листa со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023 година најдоцна до 12:00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk

  • Второ пријавување:

Електронско аплицирање:

            – 27 јуни 2023 до 24:00 часот,

            – 28 јуни 2023 до 15:00 часот

            Прелиминарната листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година на e-uslugi.mon.gov.mk на интернет страната на www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот

            Доставување документи:

            – 29 јуни 2023 од 12:00 часот до 19:00 часот

– 30 јуни 2023 од 07:00 часот до 19:00 часот

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 01 јули 2023 година најдоцна до 12:00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок:

Пријавуње на учениците ќе се врши на 21 август 2023 година до 24:00 часот

– Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 22 август 2023    година на e-uslugi.mon.gov.mk на интернет страната на www.mon.gov.mk најдоцна            до 09:00 часот

            Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 22 август 2023             година од 10:00 часот до 19:00 часот

      Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се      објават на 23 август 2023 година најдоцна до 12:00 часот на огласна табла на           училиштето и на www.mon.gov.mk

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

Обврска е документите да ги поднесе лично ученикот, родителот или неговиот старател.

24.04.2023 година                                        

     С К О П Ј Е                                                             Претседател на  Училишна комисија

                                                                                                       Ванчо Димовски

                                                                                                    _________________