ПОБЕДИ ПРОТИВ АРИС И ЛУКОИЛ АКАДЕМИК, ПОРАЗ ОД ПАРТИЗАН – ВТОРО МЕСТО ЗА ДСУ СПОРТСКА АКАДЕМИЈА

Кошаркарската селекција на ДСУ Спортска академија го освои второто место на меѓународниот турнир кој се одржа во Скопје, на кој учествуваа екипите на Арис, Лукоил Академик и Партизан.

Третото место припадна на екипата на Лукоил Академик, додека Партизан, со три победи, го освои првото место.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен играчот на Партизан Алекса Поповиќ, додека најдобар стрелец беше играчот на Академијата Леонид Тодоровски.

Пехарите ги доделија Тодор Гечевски, македонски репрезентативец и интернационалец, Златко Попоски, поранешен репрезентативец и член на Работнички, како и Јуруков Игор, претседател на Училишниот одбор на Академијата.

Спортска акедемија додели благодарници за несебичната поддршка на компаниите Триглав, Цеботекс и Пелистерка, за нивниот придонес во организацијата и реализацијата на овој турнир.

„Беше задоволство да се биде домаќин на овој меѓународен кошаркарски турнир, имајќи предвид дека учествуваа младинските селекции на три реномирани клубови кои се спортски институции во своите држави. Се надевам дека ваквите настани ќе бидат мотив повеќе за дополнителна работа на младите играчи кај нас. Голема благодарност за Лазар Лечиќ, Марин Докузовски и Александар Петровиќ, кои директно се ангажираа за реализација на овој турнир, а секоја чест на менторите по кошарка од Спортска академија за нивниот ангажман во делот на организацијата, како и на судиската организација на МКФ. Ја истакнувам и логистиката од страна на нашиот колега од Спортската гимназија – Љупчо Станковски, кој несебично придонесе во успешната реализација на овој турнир“ – Дејан Јовановски, Директор на ДСУ Спортска академија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*