1.
П Р О Т О К О Л
за заштита од КОВИД-19 при спроведување селективни тренинзи за упис на ученици во
прва година во ДСУ СПОРТСКА АКАДЕМИЈА
во учебната 2020/2021 година
СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ
1. Селектирањето на учениците ќе се врши на спортски терени од отворен тип (фудбал,
ракомет, кошарка и тенис)
2. Терените на кои ќе се врши селекцијата, мора да имаат посебен дел за публика на кој ќе
бидат распоредени учениците, каде што ќе го чекаат својот ред за настап на теренот.
3. Меѓу спортистите да има физичко растојание 20м2, согласно препораките за социјално
дистанцирање.
4. Помеѓу тренерот и кандидатот да има растојание од 5м.
5. Пред почетокот на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на
кандидатот кој ќе има покачена температура.
6. Додека учениците го чекаат својот ред, задолжително да имаат на себе заштитни маски.
7. Да има најмалку два тоалета во употреба, претходно целосно дезинфицирани.
8. Кандидатите и тренерите доаѓаат на теренот поединечно и веќе облечени во спортска
опрема за селективниот тренинг, при што ќе се избегне користењето на соблекувалните.
9. Движењето на спортскиот терен да се одвива по обележани ознаки и од страна на редари.
10. Пред влезот да има поставено средство за дезинфекција на рацете, кое задолжително мора
да се употребува од страна на учениците при влез и излез од теренот.
11. На влезот да биде поставен сунѓер за дезинфекција на обувки.
ПРИЈАВУВАЊЕ
1. Пред самиот влез на теренот да биде поставена контролна точка за евидентирање на
учениците кои ќе бидат дел од селективните тренинзи. Бидејќи во овој случај физичкото
растојание помеѓу лицето кое врши идентификација и ученикот може да биде помало од 2
метра, задолжителна е употребата на заштитни маски. Пред да пристапат на
идентификација, учениците мора да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција,
кое ќе биде поставено во близина на местото за идентификација.
2. Приемот на кандидатите (нивното присуство и идентификација) ќе се врши од одредени
лица на определено и обележано место на влезот на теренот со предвиденото растојание
помеѓу кандидатите и задолжените лица за прием.
3. По пријавувањето (идентификацијата), учениците да се упатуваат кон местото за публика,
каде што чекаат да бидат повикани за настап од страна на тренерите коишто се на терен.
ТЕК И ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЕЛЕКТИВНИОТ ТРЕНИНГ
1. За организирање на целиот процес да биде задолжена редарска служба која ќе води сметка
за потребното растојание помеѓу кандидатите и присутните од минимум 2 метри во
теренот и околу теренот и на местото за публика од каде ќе бидат повикувани
кандидатите. Ќе бидат ангажирани минимум 2 редари.
2. Ќе бидат поставени ознаки на влезот на теренот и на теренот кои ќе означуваат правец на
движење и запазување на минимум растојанието при чекањето ред.
3. На теренот да бидат присутни најмногу два тренера, кои ќе имаат задача да асистираат во
одредени ситуации при демонстрирање на одредени елементи. Истите мора да носат
заштитна опрема, односно маска и ракавици.
4. По секоја измена на терен, тренерите задолжително мора да ги дезинфицираат рацете со
средство за дезинфекција.
5. Комисијата од три члена да го следи тренингот од соодветно место, на физичко растојание
помеѓу членовите од 2 метра.
6. Реквизитите кои се користат на тренингот да се дезинфицираат по секоја направена
измена на ученик на терен.
7. Во демонстрирање на одредени елементи, на теренот може да има и два ученика во исто
време, но не на растојание помало од 3 метра.
8. Ученикот, кој го завршува својот настап го напушта теренот.
СЕЛЕКЦИЈА
Селективни тренинзи за упис на ученици во ДСУ Спортска академија 2020/2021год.
ФУДБАЛ:
08.06.2020 (понеделник) Тетово – Место: Терен на Општина Тетово со вештачка трева (кандидатите доаѓаат директно на на трибина со растојание помеѓу кандидатите од најмалку 5 метри)
Почеток: 09.00 часот, Собир и евидентирање: 8.30 часот – пријавување најдоцна до 05.06.2020 г. кај регионалните координатори (Борче Мирчески 075/334-224 (за паралелка на Македонски Јазик) Фисник Хисени 070/769-466 (за паралелка на Албански Јазик))
08.06.2020 (понеделник) Гостивар– (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кичево) Место: Терен на Општина Гостивар со вештачка трева (кандидатите доаѓаат директно на трибина со растојание помеѓу кандидатите од најмалку 5 метри)
Почеток: 11.00 часот Собир и евидентирање: 10.30 часот – пријавување најдоцна до 05.06.2020 г. кај регионалниот координатор Менсур Јакупи 075/300-400
08.06.2020 (понеделник) Охрид – (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Струга и Дебар) Место: Терен на Општина Охрид со вештачка трева Биљанини Извори (кандидатите доаѓаат директно на трибина со растојание помеѓу кандидатите од најмалку 5 метри)
Почеток: 14.30 часот Собир и евидентирање: 14.00 часот – пријавување најдоцна до 05.06.2020 г. кај регионалниот координатор Гоце Толески 078/208-604
08.06.2020 (понеделник) Битола (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Ресен, Демир Хисар) Место: Терен на Општина Битола со вештачка трева (кандидатите доаѓаат директно на трибина со растојание помеѓу кандидатите од најмалку 5 метри)
Почеток: 17.30 часот Собир и евидентирање: 17.00 часот – пријавување најдоцна до 05.06.2020 г. кај регионалниот координатор Лазе Гаштаров 076/282 070
10.06.2020 г. (среда) Велес (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Градско) Место: Градски Стадион Велес (кандидатите доаѓаат директно на трибина со растојание помеѓу кандидатите од најмалку 5 метри)
Почеток: 09.00 часот Собир и евидентирање: 08.30 часот во Велес пријавување најдоцна до 08.06.2020г. кај регионалниот координатор Ангел Темелков 078/200-686
10.06.2020 г. (среда) Прилеп (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Крушево, М. Брод, Кавадарци и Неготино) Место: Терен на Општина Прилеп со вештачка трева (кандидатите доаѓаат директно на трибина со растојание помеѓу кандидатите од најмалку 5 метри)
Почеток: 12.00 часот Собир и евидентирање: 11.30 часот – пријавување најдоцна до 08.06.2020 г. кај регионалниот координатор Тони Наумоски 078/308-575
10.06.2020 г. (среда) Струмица (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Гевгелија, Валандово, Радовиш, Дојран, Берово, Пехчево, Миравци, Демир Капија) Место: Терен на Општина Струмица со вештачка трева (кандидатите доаѓаат директно на трибина со растојание помеѓу кандидатите од најмалку 5 метри)
Почеток: 15.00 часот Собир и евидентирање: 14.30 часот – пријавување најдоцна до 08.06.2020 г. кај регионалниот координатор Васко Георгиев 075/259-453
10.06.2020 г. (среда) Штип (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Кратово, Крива Паланка, Каменица) Место: Терен на Општина Штип со вештачка трева(кандидатите доаѓаат директно на трибина со растојание помеѓу кандидатите од најмалку 5 метри)
Почеток: 17.30 часот Собир и евидентирање: 17.00 часот – пријавување најдоцна до 08.06.2020 г. кај регионалниот координатор Димитар Маџунаров 078/476-715
12.06.2020 г. (петок) Скопје (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Куманово) Место: Тренинг Центар на ФФМ – Терен 4 со вештачка трева кај ЕВН (кандидатите доаѓаат директно на трибина од паркингот кај ЕВН Нас. Ново Лисиче, на трибина потребно е растојание помеѓу кандидатите од најмалку 5 метри)
Почеток: 10.00 часот Собир и евидентирање: 09.00 часот – пријавување најдоцна до 10.06.2020г. кај регионалниот координатор Звонко Златановски на мејл zvonko.zlatanovski@ffm.com.mk
НАПОМЕНА: – КАНДИДАТИТЕ ПРИ ПРИЈАВУВАЊЕТО ТРЕБА ДА ГО ДАДАТ СВОЕТО ИМЕ, ПРЕЗИМЕ, ДАТУМ НА РАЃАЊЕ, КЛУБ ВО КОЈ ИГРА И ПОЗИЦИЈА НА КОЈА ИГРА; – СЕКОЈ КАНДИДАТ ДА ПОСЕДУВА ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД НЕ ПОСТАР ОД 4 (ЧЕТИРИ) МЕСЕЦИ ДЕКА Е СПОСОБЕН ЗА ТРЕНИНГ И НАТПРЕВАРИ; – ПОРАДИ СОСТОЈБАТА ЌЕ ИМА САМО ЕДЕН КРУГ НА СЕЛЕКТИРАЊЕ; – НА СЕЛЕКТИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО ПРИСУСТВО НА РОДИТЕЛИ И ПУБЛИКА; – СЕКОЈ КАНДИДАТ СИ НОСИ СВОЈА СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕТО (КАНДИДАТИТЕ ДА БИДАТ ОБЛЕЧЕНИ ВО ТРЕНЕРКИ, ДРЕС, ГАЌИЧКИ, ШТУЦНИ, КОСТОБРАНИ И ДА НОСАТ МАИЦА ЗА ПРЕСОБЛЕКУВАЊЕ, БИДЕЈЌИ НЕМА ДА СЕ КОРИСТАТ СОБЛЕКУВАЛНИ), КАКО И МАСКА ЗА ЗАШТИТА; – НА СЕЛЕКТИРАЊЕТО ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВА ПРОТОКОЛОТ ДОБИЕН ОД ДСУ СПОРТСКА АКАДЕМИЈА
КОШАРКА:
08 јуни 2020 во 10:00 часот – на Игралиште за кошарка во училишен двор на ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Крсте Мисирков“ Куманово за Куманово,
09-11 јуни 2020 во 10:00 часот–на Игралиште за кошарка во ОУ „Димитар Миладинов“ Центар за Скопје
РАКОМЕТ:
09-11 јуни 2020 во 10:00 часот–на Отворено игралиште на ОУ„Кочо Рацин“ Центар за машки и женски за Скопје
ТЕНИС:
10 јуни 2020 во 10:00 часот-на ТК “Југ“ за Скопје
Пријавените кандидати да бидат на локацијата половина час порано! Со себе да понесат лична идентификација (извод, пасош) и Потврда од спортска медицина (не постара од 6 месеци) и да бидат облечени во опрема за тренинг. Задолжително почитување на препораките во протоколот кој е во прилог!
Скопје Директор, Ванчо Димовски