На 4.5.2023 г., во ВИП Арена СЦ ,,Борис Трајковски” – Скопје беше организирана посета на 35. Меѓународен саем на книга за учениците од ДСУ Спортска академија – Скопје. 
 Саемот на книга како една од најпосетените и најзначајните културни манифестации, оваа година се одржува од 4.5.2023-10.5.2023 г. под мотото ,,Мирисот на нова книга ја најавува пролетта”. 
 На Саемот учениците присуствуваа на дел од  промоциите на книги, литературни читања и средби со автори. 
 Исто така беа изложени книги од различни издавачки куќи, како од домашни така и од странски автори. 
 Целта на организираната посета беше учениците да уживаат во светот на книгите, а воедно и да учествуваат во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето. 