СПОРТСКА АКАДЕМИЈА ДЕЛ ОД СТУДИЈА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ВО МАКЕДОНИЈА

На ден 26.10.2023 на Филозофскиот факултет беа презентирани резултати од голема студија за Менталното здравје кај децата во Македонија и беше отворена дискусија со нас 100 ученици кои беа гости на овој настан.

На овој настан се вклучи со свој придонес и нашето училиште каде беа психологот на училиштето и ученичка од ракомет.
Резултатите беа свесност за сите нас колку е алармантна состојбата со Менталното здравје кај децата во нашата држава при што треба сите заедно да преземеме се што е во наша моќ за да придонесеме за подобрување на оваа состојба.