Финале на TENNIS EUROPE U16 за нашиот ученик Горјан Вукичевиќ

Младиот македонски тенисер и наш ученик Горјан Вукичевиќ стигна до финалето на турнирот во Солун за тенисери до 16 години. Тој во финалето загуби од домашниот тенисер Рафаел Антонис Јакопулос со 2-0 во сетови (6:1 6:4).
Претходно во четвртфиналето Горјан го совлада првиот носител на турнирот Александрос Авгерис од Грција со 2-1 во сетови (4:6 6:3 6:4), а потоа во полуфиналето го надигра и третиот носител Кристијан Стефанов од Бугарија со 2-0 во сетови (6:1 6:1).
Вукичевиќ во првата рунда беше слободен, а во првиот меч на турнирот го победи Јорданис Хаџиниколау од Грција со 2-0 во сетови (6:0 6:4), а во третата рунда го совлада Хусеин Туна Чавуш од Турција со 2-1 во сетови (4:6 6:3 6:1).
Вукичевиќ е тенисер кој работи професионално секојдневно развивајќи се и од тениски професионален аспект, но и на психолошки план при што неколку години е посветен и на ментален тренинг. Нашиот ученик на овој турнир настапи под водство на тренер Златко Диманоски и со психолошка подготовка од психолог Марија Конеска.