Интерен оглас

И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за пријавување за упис на ученици во прва година во првиот уписен рок воучебната 2026/2027 год.

Во Државното средно училиште Спортска aкадемија – Скопје занаставен план за гимназиско образование – спортска академија паралелки за кошарка, ракомет, фудбал и тенис во учебната 2026/2027 год. во прва година, вопрв уписен рок, уписот ќе се врши на следниов начин:

  1. Електронско аплицирање преку линк до порталот за Е-услуги на МОНhttps://e-uslugi.mon.gov.mk/ со специјална најава за средношколци, прекусопствените кориснички сметки на schools.mk. и
  2. Доставување на документи:
  • До седиштето на ДСУ Спортска Академија – Скопје паралелкиза:
    кошарка, ракомет, фудбал и тенис и
  • До седиштето на училиштата во дисперзирани паралелки на ДСУСпортска Академија – Скопје, просторно сместени во: – СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола: фудбал, ракомет, – СОУ „Перо Наков“– Куманово: кошарка, – ОСУ „Св. Климент Охридски“– Охрид: фудбал, – СОУ Гимназија „Мирче Ацев“– Прилеп: фудбал, – СОУ „Никола Карев” – Струмица: фудбал, – ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“– Тетово: фудбал (македонска и албанска), – СОУ „Кочо Рацин“– Велес: фудбал, – СОУ „Гостивар“– Гостивар: фудбал (албанска)
  • СОУ „Коле Нехтенин” – Штип: фудбал и
  • СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци: кошарка
    Услови за упис
    Во Спортската академија ќе се запишуваат редовни ученици кои: – завршиле основно образование, – се стекнале со соодветен успех во основното образование во РепубликаСеверна Македонија и
  • имаат потврда за способности за спортски вештини, за спортот за кој
    ученикот е проверуван согласно со членот 9 став (2) од Законот заСпортска Академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj
    115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018). Право на упис имаат сите ученици кои завршиле основно образованиеине се постари од 17 год. , ги поминале селекциите во спортот за кој штосеопределиле и за што се здобиле со потврда за успешно помината проверкана спортските вештини. За пријавување за упис се потребни следните документи:
  1. Пријава за упис во прва год. (електронска – печатена)
  2. Оригинални свидетелства од VI до IX одд.
  3. Оригинален извод од матичната книга на родените без огледнадатумот на издавање
  4. Здравствен картон за имунизација или Документ од спортскамедицина – копија
  5. Нострифицирани документи и уверение за регулиран државјанскистатус за учениците кои едно или повеќе одделенија од основнотообразование ги завршиле во странство
  6. Потврда за помината селекција издадена од спортската федерацијаДатуми, термини за електронско аплицирање и доставување надокументи:
  7. Прво пријавување:
    Електронско аплицирање:
  • од 12 јуни 2026 од 00:00 часот до 15 јуни 2026 до 23:59 часот
    Доставување документи:
  • 16 јуни 2026 од 08:00 часот до 19:00 часот
  • 17 јуни 2026 од 08:00 часот до 17:00 часот
    Конечната ранг листa со резултатите од запишувањето и слободните местаќе се објават на 18 јуни 2026 година најдоцна до 12:00 часот на огласна табла научилиштето и на веб страната на училиштето. 2. Второ пријавување:
    Електронско аплицирање:
  • 23 јуни 2026 од 00:00 часот до 23:59 часот
    Доставување документи:
  • 24 јуни 2026 од 08:00 часот до 15:00 часот
    Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните местаќе се објават на 25 јули 2026 година најдоцна до 12:00 часот на огласна табла научилиштето и на веб страната на училиштето.
    Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испитиза побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободниместа после јунскиот рок: – Пријавуње електронски на учениците ќе се врши на 20 август 2026година од 00:00 часот до 15:00 часот. – Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 21август 2026 година од 08:00 часот до 14:00 часот
    Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободнитеместа ќе се објават истиот ден 21 август 2026 година најдоцна до 19:00 часот наогласна табла на училиштето и на веб страната на училиштето. По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, ученицитекои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупнатадоставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, аучилиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација научениците во рок од 24 часа. Обврска е документите да ги поднесе лично ученикот, родителот илинеговиот старател. Април 2026
    С К О П Ј Е Претседател на Училишна комисијаВанчо Димовски