Крстевска: Тренери во академијата се Стојна Вангеловска и Енвер Мифтари

Цветанка Крстевска е млада перспективна,а и талентирана и идна кошаркарска репрезентативка. Крстеска освен што дел на Јуниор, таа дел на Кошаркарската академија која е во склоп на Спортската академија.

ceceМрежа: Што те мотивираше да тренираш кошарка?

Цветанка Крстевска: Уште како мала кога ги гледав кошаркарските натпревари на телевизија кај мене се јави желба да станам еден ден и јас како нив.Желбата се повеке и повеке растеше ,но финансиските услови за тренирање ,за мене и за моето семејство претставуваа проблем.Но се појави личност која сакаше да ми помогне за да ми се оствари желбата ,тоа беше мојот прв тренер Лидија Врбанова .Благодарение на неа научив многу ,исто така таа ми беше најголем мотиватор за да продолзам со кошарка .

Мрежа: Ти си дел од спортската академија, кој се предностите да бидеш во дел од неа?

Цветанка Крстевска: Предности во спортската академија е тоа што повеке сме насочени кон спортот.Имаме можност за повеке тренинзи во текот на неделата.Покрај тренинзите имаме и општи предмети со кој се збогатуваме со знаења и предмети со кој се повеќе се зблизуваме со кошарката.

Мрежа: Кој ви се тренери во Академијата?

Цветанка Крстевска: Тренери во академијата се Стојна Вангеловска и Енвер Мифтари .Благодарение на нив постигнувам многу ,бидејки секогаш ми ја даваат поддршката која ми е потребна.Кога и да ја изгубам самодовербата и кога и да мислам да се откажам тие веруваат во мене ,а со тоа и ме мотивираат да дадам се од себе .За тоа голема благодарност до нив.

Мрежа: Имаш чест да бидеш исто така дел младитете репрезентацији на Македонија и колку значи тоа за тебе?

Цветанка Крстевска: Секако, големо е значењето да бидеш дел од Македонската репрезентација ,големо е искуството ,голема е љубовта и желбата за тренирање бидејки имам можност и себеси ,а и својата држава да ја претставуваш пред светот.

Мрежа: Каде се гледаш или каде би сакала да играш за 5 години?

Цветанка Крстевска: Пред се како секој врвен спортист кој цели кон високи дострели се гледам во еден од Европските клубови,а исто така да бидам дел на Македонската репрезентација.

Сподели:
Facebooktwittergoogle_pluslinkedinFacebooktwittergoogle_pluslinkedin

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*