Меѓународни натпревари на ДСУ Спортска академија

ДСУ Спортска академија ќе биде домаќин на три спортски настани во кои ќе одигра меѓународни натпревари со младинските екипи на реномирани професионални ракометни и кошаркарски клубови.

Во вторник и среда (30 и 31 мај), со почеток во 17 и 19 часот, во салата на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе се одиграат натпреварите од ракометниот турнир на кој ќе учествуваат екипите на РК Црвена Ѕвезда, РК Морнар, РК Металург и селекцијата на ДСУ Спортска академија.

Во истата сала, женската ракометна селекција на Академијата, во чиј состав се најголемиот дел од младинските ракометни репрезентативки на Македонија кои изборија учество на европското младинско првенство оваа година, ке одиграат 2 натпревари со соодветната младинска ракометна репрезентација на Србија, и тоа на 4 јуни во 17 часот и на 5 јуни во 10:30 часот.

Кошаркарската селекција на ДСУ Спортска академија ќе биде организатор на меѓународниот кошаркарски турнир, на кој се очекуваат екипите на КК Партизан, КК Лукоил и КК Арис, кој ке се одржи во салата на КК Работнички во градскиот парк на 9, 10 и 11 јуни, со закажани термини на натпреварите во 17 и 19 часот.

Повеќе на:  www.sportskaakademija.edu.mk   FB: ДСУ Спортска академија

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*