Митрева: Мојот најголем успех е што го носев дресот на мојата држава Македонија

Теа Митрева млада перспективна кошаркарка , а и идна репрезентативка. Теа освен што дел репрезентација, е дел на Бадел и на Кошаркарска академија која е во склоп на Спортска академија.

tea6Мрежа: Кој беше мотивот да тренираш кошарка?

Теа Митрева: Најголем мотив ми беше љубовта кон спортот каде што се пронајдов јас.Почнувајќи од карате па ракомет за конечно да се пронајдам во кошарката.Со овок спорт и секојдневните тренинзи се чувствувам среќно исполнето бидејќи сето ова го правам од љубов и голем мотив.

teaМрежа: Каде ги започна првите чекори во кошарката и кој ти беше првиот тренер?

Теа Митрева: Првите чекори ги направив во мојот роден град Кавадарци заедно со тренерот Методија Каровски.Од него добив голема желба за кошарката и научив многу работи а тој секогаш веруваше во мене и добив подршка за целосно да и се посветам на кошарката.

tea1Мрежа: Ти си дел од спортската академија, кој се предностите да бидеш во дел од неа?

Теа Митрева: Веќе сум 2ра година дел од спортската академија и со секојдневните тренинзи и големата желба совладав и научив многу техники.Тоа е одличен проект и голема можност за талентираните спортисти.

tea2Мрежа: Кој ви се тренери во Академијата?

Теа Митрева: Во прва година имав чест да тренирам со тренерот Зоран Балов-Чоко.Од него научив многу работи кој сум сигурна дека ќе ми затребаат понатаму во мојата кариера.Моментално ме тренираат македонската кошаркарска ѕвезда Стојна Вангеловска и тренерот на клубот Шкупи Енвер Мифтари.Чест и задоволство ми е да тренирам со вакви тренери бидејќи вложуваат многу во нас и сакаат да бидиме успешни спортисти.Сето свое знаење,искуство го пренесуваат на нас.

tea3Мрежа: Кој е твој најголем успех?

Теа Митрева: Мојот најголем успех е што го носев дресот на мојата држава Македонија и бев учесник на европското првенсто каде што ги бранев со гордост боите на мојата татковина.Исто така учествував во Јадрандска лига и имав забележителен успех посебно за првата победа против Medveščak со 21 поен.Исто така бев номинирама за најуспешен млад спортист на годината за кошарка во АМС.

naslovnaМрежа: Репрезентацијата и колку значи да си дел од нејзе?

Теа Митрева: Да бидеш дел од репрезентацијата е чест и голема гордост за мене како млад кошаркар да ја претстсвувам мојата држава.Искуството на толку значаен настан носи големи поени во понатамошната кариера, нови предизвици и многу познанства со млади кошаркарки од цела Европа.Најголемиот сон како и на секоја кошаркарка ми беше да бидам дел од македонската репрезентација и сонот ми се оствари,желбата и понатаму е иста и оваа година да продолжам и да ја претставувам Македонија.

tea5Мрежа: Што ке ги советуваш младите кошаркарки кој тек сега навлегуваат во кошарката?

Теа Митрева: Мојот совет е да веруваш во самата себе да си посветен на кошарката,никогаш да не потклекнуваме колку и да е играта лоша бидејќи вербата во себе е најголем мотив да го оствариш тоа што го сакаш.Напорната работа и редовните тренинзи ќе не доведат до достигнување на целта успешна кошаркарка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*