Одбележан денот на основањето на Спортска академија

По повод денот на основањето на ДСУ Спортска aкадемија, во салата „Македонски херои“, се одржа натпревар помеѓу учениците од Спортската aкадемијa и Кошаркарскиот Клуб „Работнички”.

Екипата на КК „Работнички” беше водена од нивниот тренер Горан Ѓорѓиевски, а нашите ученици од тренерот Александар Петровиќ. Гости на овој настан беа прекрасните мали навивачи од градинките „Мини-Фини Буџетчиња”, „Весели Цветови (Мимоза)” и „Весели Цветови (Сончоглед)” во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Спортската академија се покажа во најдобро светло со постигнат резултат 89:81

[huge_it_gallery id=”19″]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*