Спортската академија започна соработка со еминентни и докажани спортисти

Спортската академија која во 2012 година беше отворена експериментално полека, но сигурно прераснува во вистински расадник на професионални спортисти и идни репрезентативци. За да се издигне на повисоко ниво Спортската академија, сега веќе средно училиште започна соработка со еминентни и докажани спортисти кои ќе одржуваат часови во училиштето и ќе го споделуваат своето знаење и искуство директно со учениците од Академијата. Денеска во академијата заедно со учениците од ракометната паралелка беше ракометниот тренер и стратег Лино Червар со кој и започна проектот на Спортската академија „Гости- Тренери.

FB_IMG_1461941098773

Следни спортски имиња кои се најавени дека ќе одржат часови со учениците се Индира Кастартовиќ и Мартин Докузовски. Според него треба да се работи, да се вложува и да се зголеми самодовербата кај децата бидејќи секој родител сака да има успешно дете и на секое дете треба да му се даде надеж за да може да дојде до врвот на пирамидата. На тренингот на учениците од ракометната паралелка на Спортската академија присуствуваше и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Ристовски најави дека набрзо ќе излезе и новиот конкурс за упис во Спортската академија за учебната 2016/2017 година и упати апел до сите талентирани ученици да ги разгледаат можностите за нивна апликација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*