Спортска Академија го реши Металац, следен предизвик е Партизан

Селекцијата на Спортска Академија викендов се натпреварува на силен турнир во Ваљево, во кој учествуваат силни екипи од регионот предводени од Партизан, Мега лекс и Унион Олимпија.

Ваљево табела

Македонските кошаркари имаа одлично отворање на турнирот, откако во првото коло ја совладаа домашната екипа на Металац со 53-45. Одбраната беше клуч за овој успех на составот предводен од страна на Александар Петровиќ, кој го доби второто полувреме со вкупни 32-22 и заслужено стигна до победата.

Мартин Турсунов со 15 поени беше најефикасен кај Спортска Академија, Стефан Милевски оствари дабл-дабл од 13 поени и 12 скокови, додека Леонид Тодоровски го заврши мечот со 13 поени и 9 скокови зад своето име.

Следен предизвик за македонскиот состав е денешниот дуел со екипата на Партизан, која во првото коло ја декласираше Игокеа со резултат 83-53.



Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*