Сулејмани потпиша за Легија Варшава

Младинскиот фудбалски репрезентативец Албан Сулејмани направи голем трансфер потпишувајќи договор со полскиот првак Легија Варшава. Тој потпиша договор до јуни 2020 година и во полскиот клуб ќе треба да го потврди и да го надгради својот несомнен потенцијал.Сулејмани потпиша за Легија Варшава

Крилниот напаѓач Сулејмани изминатава сезона блесна во дресот на Ренова, претходно беше дел и од Работнички од Македонија ЃП, а првите фудбалски чекори ги направи Милано од Куманово.
sulejmani legija 2

„Сулејмани покажа доволно на тестовите и му дадовме шанса да потпише договор. Тој е офанзивен играч за врска, кој може исто така да игра и како напаѓач. Последните шест месеци играше како напаѓач во дресот на Ренова. Таму го почувствува и сениорскиот фудбал. За неговата восраст тој е одлично физички граден и поседува голем потенцијал“, изјави Михал Зевлаков, спортскиот директор на Легија, за младиот Албан Сулејмани.

Сподели:
Facebooktwittergoogle_pluslinkedinFacebooktwittergoogle_pluslinkedin

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*