Успешен настап на пријателскиот натпревар на фудбалските паралелки во Словенија

Учениците од паралелките Iф и IIф учествуваа на меѓународните натпревари во Словенија со соодветната академија од Словенија – Шишка, од 19.09 до 22.09.2017 година.
На двата натпревари спортската академија извојува победи со резултати: 2:1 и 3:1.
Стрелци на првиот натпревар: Методи Максимов и Андреј Живии а на вториот натпревар стрелци Муас Демири, Стефан Георгиев и Горазд Стоименов.

[huge_it_gallery id=”15″]

Извадок од извештајот бр.1

Состав на екипата:
Презиме и име Позиција Играл Влегол Гол Ас.
1 Алчевски Марко голман 51’ пов.
2 Костовски Филип д. бек 46’
3 Асани Али л. бек 80’
5 Сали Јасин д. стопер 80’
6 Стојменов Горазд л. стопер 80’
4 Николов Иван к з.д. везни 44’ пов. 19’
8 Парталко Ерен з.л. везен 80’
10 Ѓорѓиев Стефан плеј 80’
7 Живиќ Андрија д. бочен 72’ 55’
9 Максимов Методи шпиц 80’ 19’
11 Игњатов Леонит л. бочен 64’
Резерви:
12 Ваневски Филип голман 51’
13 Рамани Хамза д. стопер 46’ 55’
14 Вучковиќ Милош л. стопер 72’
15 Ѓорѓиевски Мартин д. бек 44’
16 Веловски Дамјан з.д. везен /
17 Демири Муаз плеј 64’
18 Димиќ Андреј з.д. везен /

I. Пред натпреварот

Очекуваме тежок натпревар од причина што имавме само шест тренинзи и патувавме 15 ч. за Словенија. Немам никакви информации за противникот.

II. Тек на натпреварот – прво полувреме

Цело прво полувреме имавме поголем посед од противникот и ја контролиравме играта додека противникот својата шанса ја бараше преку контра напад и прекини како што и створи три ситуации за гол. Ние неколку пати стигнувавме во зона на финализација но фалеше квалитетен центаршут или завршен пас. Имавме две добри ситуации за гол, од првата во 19 мин. го постигнавме водечкиот гол кога Николов одзема една топка на противничката половина и одлично го проигра Максимов кој излезе сам 1 : 1 со противничкиот голман и пласираше со надворешен фелш во спротиниот агол од голот, втората преку Ѓоргиев кој од слободен удар шутна покрај самата статива на противничкиот голман.

III. Тек на натпреварот – второ полувреме

Второто полувреме го започнавме лошо така што уште во првата минута направивме неколку последователни грешки на Костовски, Сали, Николов и Алчевски дозволивме противникот да израмни на 1 : 1, во почетниот период противникот створи уште две шанси за гол но не успеа да реализира. Како одминуваше времето ние се стабилизиравме и успеавме на моменти да ја превземавме иницијативата и во тој период успеавме да постигнеме уште еден гол во 55 мин. преку Живиќ после асистенција на Рамани. Во продолжението од натпреварот двата тима имаа по две шанси за гол но резултатот остана непроменет.

Извадок од извештајот бр.2

Состав на екипата:
Презиме и име Позиција Играл Влегол Гол Ас.
12 Ваневски Филип голман 80’
15 Ѓорѓиески Мартин д. бек 40’
3 Асани Али л. бек 80’
5 Сали Јасин д. стопер 80’
6 Стојменов Горазд л. стопер 80’ 9’
13 Рамани Хамза з.д. везни 80’
8 Парталко Ерен з.л. везен 80’
10 Ѓорѓиев Стефан к плеј 74’ 58’ п
7 Живиќ Андрија д. бочен 70’ 9’
9 Максимов Методи шпиц 72’ 7’-58’п
17 Демири Муаз л. бочен 25’ пов 7’

Резерви:
11 Алчевски Марко ПОВ голман /
4 Николов Иван ПОВ везен /
14 Вучковиќ Милош бек-бочен 10’
2 Костовски Филип бек-бочен 55’
16 Веловски Дамјан плеј 6’
11 Игњатов Леонит бочен 40’
18 Димиќ Андреј шпиц 8’

I. Пред натпреварот

Повредата на Николов ни направи малку проблеми околу избор на играч кој да го започне натпреварот помеѓу Веловски и Рамани. Рамани ни беше опција за стопер но може да игра и како дефанзивен среден играч, се одлучивме Рамани да го започне натпреварот бидејки е физички многу појак од Веловски кој тешко би се справил со Словенските средни играчи бидејки на физички план беа доминантни во првиот натпревар. За разлика од првиот натпревар, сега веке имаме некаква слика за противникот и можеме да предвидиме од каде може да дојдат проблеми во играта и како ние можеме да го загрозиме противничкиот гол.

II. Тек на натпреварот – прво полувреме

Добро го започнавме натпреварот, веке во 7 мин. поведовме после одлично изведен контра напад, Рамани одзема една топка го проигра Ѓорѓиев кој ја изнесе топката до противничката половина и даде одличне завршен пас на Максимов и го извади сам пред противничкиот голман, Максимов не себично му асистирáше на Демири кој на втората статива непречен од никого ја пласираше топката во празната мрежа на Словенците. После само 2 мин. игра го постигнавме вториот гол кога Живиќ центрираше од фаул од страна а Стојменов со глава го лобуваше противничкиот голман во спротивниот агол и ни донесе водство од 2 : 0. Во проодолжение од полувремето иако створивме неколку шанси не успеавме да реализираме ниту една додека словенците немаа некоја посериозна шанса а својот гол го постигнаа после изведување на корнер кога одбиената топка на 20 м. Ѓоргиески не тргна на време да го блокира играчот на противникот кој слободен ја прими топката влезе во нашиот шеснаесетник го предрибла Рамани и центрираше по земја на втората статива каде што Асани лошо влезе во блок а голманот Ваневски можеше подобро да реагира бидејки топката помина под неговото тело.

III. Тек на натпреварот – второ полувреме

На самиот старт од ова полувреме влеговме не сконцентрирани, можеби и заморот го направи своето. Парталко направи пенал во ситуација која не беше многу опасна кога противничкиот играч од мртов агол очекуваше да прифати висока топка, изведениот пенал беше поништен поради тоа што играч на Словенците влезе во шеснаесетникот порано и судијата не го повтори пеналот туку свирна индиректен удар за Македонија. Потоа Сали непречен од никого даде чист пас на противничкиот шпиц кој упати удар од 16 м но голманот Ваневски ја изби топката во корнер. Не својата прва шанса ја имавме после центершут на Живиќ преку Игњатов кој сам од 5-6 м. упати удар со глава директно во голманот на противникот. Во 58 мин. Живиќ помина двајца играчи влезе во противничкиот шеснаесетник и беше фаулиран по што беше досуден пенал, Ѓоргиев реализираше за 3:1 што беше и конечен резултат на овој натпревар. До крајот на на ова полувреме успеавме да ја стабилизираме играта не дозволувајки на противникот да створи посериозна шанса за гол.

IV. Истакнати поединци

1. Ваневски Филип дефанзива – офанзива
2. Стојменов Горазд дефанзива – офанзива
3. Сали Јасин дефанзива – офанзива
4. Асани Али дефанзива
5. Костовски Филип дефанзива
6. Ѓорѓиев Стефан дефанзива – офанзива
7. Живиќ Андреја офанзива
8. Максимов Методи дефанзива – офанзива

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*