Девет од единаесет – ученици на Спортска академија

Македонската репрезентација до 19 години по втор пат ја победи Бугарија, денеска со 3:2 во пријателски натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Македонија поведе со 2:0 со головите на Никола Богдановски во 11. минута и Бојан Миовски во 17. минута, но противникот резултатски се врати во игра со два гола до крајот на првото полувреме. Атанас Кабов ги постигна головите за израмнување.

Фазлагиќ одлично ја исконтролира топката во противничкиот шеснетник. Од свртување го проигра Богдановски, кој од десетина метри со силен удар ја донесе нашата селекција во водство од 1-0. Шест минути подоцна Антовски одлично помина од левата страна, Миовски прекрасно се снајде со глава и биеше неодбарнливо во денсниот горен агол.

Јани Атанасов повторно како и на првиот натпревар го постигна одлучувачкиот погодок. Нашиот млад репрезентативец го постигна голот за 3:2 во 61. минута, а недостасуваше среќа истиот играч да се радува на ретко атрактивен погодок кога од 60-на метри упати удар кон противничкиот гол, бугарскиот чувар на мрежата беше совладан, но топката за неколку сантиметри мина крај голот.


МАКЕДОНИЈА до 19 години – БУГАРИЈА до 19 години 3:2 (2:2)

Пријателски натпревар / Тренинг центар „Петар Милошевски“

Стрелци: 1:0 – Никола Богдановски (11′); 2:0 – Бојан Миовски (17`); 2:1 – Атанас Кабов (42`); 2:2 – Атанас Кабов (45`); 3:2 – Јани Атанасов (61`)

МАКЕДОНИЈА до 19 години: 12. Благојче Иванов, 3. Михаил Маневски, 4. Енис Фазлагиќ, 5. Антонио Митрев, 6. Оливер Стоимановски, 8. Јани Атанасов, 9. Никола Богдановски, 13. Филип Антовски, 15. Бобан Миовски, 17. Марио Станковски, 18. Алтин Сефо; Селектор: Вујадин Станојковиќ;

1.Христијан Стевковски, 2. Кирил Ристовски, 7. Бојан Колевски, 10. Елиф Елмас, 11. Кристијан Трапановски, 14. Христијан Делевски, 16. Филип Стојчевски;

БУГАРИЈА до 19 години: 1. Димитар Шеитанов, 3. Ертан Томбак, 4. Борислав Вакадинов, 5. Надим Ангелов, 7. Тони Иванов, 8. Емил Јанчев, 11. Атанас Кабов, 13. Иван Тилев, 14. Николај Јанков, 16. Радослав Јивков, 18. Антон Тунгаров; Селектор: Ангел Стојков;

Пред два дена со голот на Јани Атанасов нашите репрезентативци славеа со 1:0 на воведната контролна пресметка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*