Информација за електронски упис на ученици во прва година во средно образование

Информација за електронски упис на ученици во прва година во средно
образование
Почитувани ученици, почитувани родители,
Во насока на престојниот упис во средните училишта во Република Северна Македонија, и
оваа година преку дигитална услуга ќе Ви овозможи електронско аплицирање кое нема да
Ви одземе повеќе од 15 тина минути, преку линк до порталот за електронски услуги на
Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава
за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk..
Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со
корисничките на schools.mk .
Упатството за логирање/ најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено
со линк на страната за логирање/ најава.
За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од
10.06.2023 година во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави
(апликации) заклучно со 21.06.2023 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот
ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.
Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, можете
да вршите ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имате увид во
вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.
Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 22-ти јуни 2023 година на
интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk,
односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот и на огласна табла на
училиштето.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22-ти јуни од 12.00 часот
до 19.00 часот и на 23-ти јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред
од страна на училиштето кој ќе биде објавен на огласната табла.

Директор
Ванчо Димовски