ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ОСНОВАЊЕТО НА ДСУ СПОРТСКА АКАДЕМИЈА (07.12.2020)


СПОРТСКА АКАДЕМИЈА – РАСАДНИКОТ НА ИЗВОНРЕДНИ
СПОРТИСТИ-РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ, ВТЕМЕЛУВАЧОТ НА ИДЕЈНИ ВИЗИОНЕРИ ЗА УСПЕХ

Спортот за многумина е благородна окупација која открива кај една личност не само физички способности, туку и сила на карактерот. Нивниот живот исполнет со спорт, се
аспирациите од каде пак ја црпат нивната мудрост. Преку упорноста и оптимистичкиот дух, спортистите го споделуваат своето непроценливо искуство да поминуваат низ потешкотии и разочарување. Но, нивниот карактер и одлучувачки дух ги отстрануваат сите тие пречки пред нив, при што се воздигнуваат како феникс високо на пиедесталот и кон големи достигнувања.
Успешната на оваа приказна за Спортска академија која постои 8 години со успешни достигнувања, ја градат пред се учениците-репрезентативци и високо-успешни спортисти, Директорот, менторите, наставниот кадар и стручната и административната служба на училиштето.
Од основањето па до денес низ Спортската академија оствари соништа на сонувачи кои станаа шампиони, репрезентативци, интелектуалци. Со безрезервната поддршкана менторите, тренерите и воспитно-образовниот кадар, тие покажаа колку е важно спортот да се гради преку учењето, тренинзите испортските активности.
Денес, со благодарност до сите субјекти–чинители на Спортската академија: тренерите, менторите, наставниците, директорот и стручната служба и учениците – првенци на генерации, репрезентативци и ученици кои сега го градат својот пат, го честитаме и одбележуваме овој Ден на основањето на ДСУ Спортска академија.
И голема благодарност до учениците кои се нашата гордост, кои не не забораваат и се навраќаат кај нас и учениците кои се тука и целат кон нивниот сон и кои со ова видео ни го честитаа овој ден на основањето на ДСУ Спортска академија!