Првенец на генерацијата 2019/2020 година, Спортисти на генерација 2019/2020 годинаи пофалени ученици на генерацијата 2019/2020 година

Првенец на генерацијата 2019/2020 година, Спортисти на генерација 2019/2020 годинаи пофалени ученици на генерацијата 2019/2020 година
Нашето училиште ДСУ Спортска академија, и оваа учебна година направи избор и прогласи Првенец на генерацијата и Спортисти на генерацијата по спортови кои беа најуспешни во изминатите четири години.
Комисијата одлучи по Правилникот за избор на првенец на генерација, Правилникот за избор на спортисти по спортови и Правилникот за пофалување и наградување.
За првенец на генерација беше прогласен ученикот Далибор Блажевски од IV-ракомет машки. Ученикот во своето четири годишно школување покажа континуиран одличен успех, примерно поведение, редовност, активност во училишните активности, промовираше високи човекови вредности и постигнуваше високи спортски успеси.
За спортисти на генерацијата беа прогласени следниве ученици: од спортот фудбал за најуспешен фудбалер ученикот Кире Трпчевски, од спортот кошарка за најуспешен кошаркар ученикот Лука Савиќевиќ, од спорот ракомет машки за најуспешен ракометар ученикот Андреј Петковски, од спортот ракомет женски за најуспешна ракометарка ученичката Андреа Илиќ.
Ученици кои беа пофалени за одличен успех, примерно поведение и промовирање на човекови вредности, како и постигнувања во спортот во изминатите четири години се следниве: Никола Николов фудбал, Ангела Цветановска ракомет женски, Стефан Видановски Битола, Валентин Белески Прилеп, Сунај Мемков Велес, Александар Трипуновски Тетово, Ардиан Беќири Тетово, Александар Алексов Штип, Ивана Џевалекова Струмица, Александар Рембоски Охрид.
Им честитаме на сите ученици и им посакуваме уште поголеми успеси понатаму. Веруваме во нив дека ќе ги продолжат своите амбиции во спортот, како и дека ќе бидат успешни и во други полиња со негување на високи човекови вредности.
Овие ученици нека бидат пример на идините генерации за патот на успехот.