Предавање во Спортска академија: Третирање на спортски повреди

На 4-ти Мај 2017 година во просториите на Спортската академија беше одржано предавање на тема „Физиолошки аспекти на влијанието на 448 kHz радиофрекфенција при акутни и хронично мускулно скелетни проблеми, повреди на зглобовите и спортска регенерација” од страна на д-р Андреј Швент, доктор по Кинезиологија од Република Словенија.
На предавањето меѓу другите присуствуваа истакнати доктори, професори, физиолози и физиотерапевти, од редот на Др. Милош Вучидолов – поранешен професор на Факултетот за физичка култура, Проф. Д-р Ванчо Поп-Петровски – Професор на Факултетот за физичка култура по предметот Медицина на спортот, Физијатри од заводот за рехабилитација и болницата 8-ми септември.

На предавањето се зборуваше за новата INDIBA радио технологија која ја зголемува микроциркулацијата и го снабдува ткивото со елементи потребни за регенерација (станична биостимулација), го носи кислородот и ги храни ткивата, ја подобрува венската и лимфната ресорпција и започнува процес на регенерација на ткивата, хипер активација (значително го зголемува станичниот метаболизам и започнува процес на преобликување во ткивото) дури и во хронични случаи.

Исто така се одвои време и oтвори дискусија и за примената на електро мускулната стимулација во тренажниот процес, односно примената на COMPEX технологијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*