Соопштение до родители

Почитувани ученици,
Почитувани родители/старатели,
Ви благодариме на сите наставници и ученици кои, во посоченото време денеска, се
најавивте на Националната платформа за учење на далечина, со што дадовте свој
придонес во првата фаза на тестирање на Платформата.
Имено, процесот на тестирање на Платформата започна денеска наутро, и ќе трае се до
нејзино официјално ставање во функција.
Денеска беше започнато со тестирање на оптоварувањето на кластерот на Сервери за
базите со податоци (database servers), па затоа е возможно повремено да ја добивате
пораката за грешка при поврзување со базата (error database connection). Тоа е сосема
нормално и очекувано кога се работи на оптимизација на дозволените врски до оваа
група сервери.
Во наредните денови ќе се одвива и тестирање на кластерите на Серверите за
балансирање на оптоварување (load balancer) и на Серверите за опслужување на
корисниците, односно апликативни или веб сервери (web servers).
Со оглед на обемноста и комплексноста на системот и бројот на конкурентни
корисници кои се најавуваат истовремено на Платформата, ваквите тестирања ни се
неопходни за оптимизација на ресурсите по секој сервер поединечно, во рамки на секој
кластер на Сервери.
Ве молиме и ве охрабруваме да продолжите со поврзување на Националната
платформа за учење на далечина и во наредните денови.
Од една страна, тоа ќе Ви помогне да се запознавате со Платформата и да ги
проследите новите содржини кои ги дополнуваме секојдневно на главната страница
(www.schools.mk), а од друга страна, нам ни помага да го оптимизираме системот за да
може да ги задоволи барањата на секој корисник поединечно и да придонесе за нивното
подобро корисничко искуство.
Со почит,
Министерство за образование и наука