Беше тешка, претешка година. Ако некој на почетокот ни кажеше дека целата земјина топка ќе стане заложник на еден “за око” невидлив вирус, немаше да поверуваме.
Не дека до сега немало вируси, несреќи, крвопролевања. Ни се чинеше дека сето тоа е далеку од нас, а нашата емпатија траеше не подолго од ден-два. Тоа беше нешто, што им се случува само на другите.
Но, кога стравот и опасноста тропнаа и на нашата врата, сфативме дека не сме недопирливи. Дека не треба да бидеме глуви и слепи за туѓата мака. Дека треба да се грижиме едни за други и дека не вреди тоа што го имаш, ако не го поделиш со оној на кого најмногу му треба.
Или како што рекла мајка Тереза: “Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.”
Денес Спортската Академија Битола подарија малку, но со многу љубов на оние кои им е најпотребно, на пациентите од Одделението за градни болести, при Битолската болница. Се надеваме дека им овозможивме помирен сон и дека за брзо ќе си одат сите дома.
А на ХЕРОИТЕ на 2020 година, медицинскиот персонал, едно големо БЛАГОДАРАМ!