Првата стихозбирка ,,Печат на срцето” од младата и полна со потенцијал поетеса, во издание на ,,Ѓурѓа”, неодамна излезе од печат, а промоцијата на делото се одржа на 17.9.2022 година во Скопје, во Дом на културата ,,Кочо Рацин”. Настанот започна со предговор од страна на Александра Брашнарска, а продолжи Александар Цветков како промотор до самиот крај на настанот. На самиот настан беа интерпретирани дел од песните на стихозбирката од страна на Анастасија Серафимовска, Лука Иванов и Александра Трајковска за која и самата авторка има запишано дека оваа стихозбирка ја посветува за сите оние кои се со нас или не се, за сите со кои сме поминале еден одреден дел од животот, за оние со кои допрва ќе доживееме незаборавни моменти. За секоја нанесена болка, љубов или пак неправда, за животот, за сите нас. За се’ што е сеедно, А НЕ Е.