Финален турнир јуниорска конкуренција во кошарка


Изминатиот викенд во малата сала Јане Сандански се одигра финалниот Ф4 турнир во јуниорска конкуренција во кошарка (играчи до 18 години- мажи) каде што нашето училиште беше претставено од 8 ученици и професор по кошарка.

Учениците Марко Луканоски(1 кошарка),Даријан Трајковски(2 кошарка)Сергеј Младеновски(2 кошарка),Павел Иванов(3 кошарка) и Филип Лаковски(3 кошарка) како членови на екипата на К.К.Вардар од Скопје заедно со нашиот професор по кошарка Златко Мокров, а воедно тренер на К.К.Вардар од Скопје, се освојувачи на ПРВО МЕСТО – ЗЛАТЕН МЕДАЛ на овој финален турнир.

Учениците Горазд Митев (2 кошарка) и Данаил Балоски(3 кошарка) со екипата на К.К.Работнички од Скопје се освојувачи на ТРЕТО МЕСТО – БРОНЗЕН МЕДАЛ на овој турнир, додека ученикот Матеј Николовки(3 кошарка) со екипата на К.К.Феникс од Скопје е освојувач на ЧЕТВРТО МЕСТО на овој турнир.

Ученикот Павел Иванов(К.К.Вардар) ја доби наградата за најкорисен играч на турнирот.

На сите наши ученици како и на нашиот колега професорот Златко Мокров им посакуваме уште многу успеси во иднина.

mk_MKMacedonian