Спортската Академија продолжува да чекори напред

Спортската академија во изминатиот период ги интензивираше активностите, се со цел учениците да работат со истакнати тренерски имиња (во ракомет, кошарка, фудбал), но и преку учества на турнири во странство кои сигурно се големо искуство за младите кои својата иднина ја гледаат во спортот.

Спортската академија има своја Програма за меѓународни активности, односно предвидени учества на мегународни турнири и натпревари, што е можност за презентирање на македонскиот спорт и воопшто на учениците спортисти и нивна афирмација во понатамошната спортска кариера. Сработеното досега е само почеток, а планот е во иднина овие активности да бидат уште побројни и да овозможат дополнителен развој на нашата академија“ – изјавува Дејан Јовановски, директор на Спортската Академија.

Воедно, тој потенцира дека како членови на училиште со гимназиско образование, учениците по неговото завршување може да аплицираат на факултетите ширум Македонија, а сигурно дека ќе се најдат во повластена улога доколку школувањето сакаат да го продолжат во Факултетот за Физичка Култура.

dejan jovanovski1

Спортската академија е средно училиште со гимназиско образование, со посебен Наставен план и програма, при што учениците матуранти полагаат државна или училишна матура по избор, а имаат можност да аплицираат на било кој од Факултетите. Имајќи предвид дека тие се избрани по посебни спортски критериуми, учениците на Спортската академија се највисокиот таргет на потенцијални студенти на Факултетот за Физичка Култура“ – вели Јовановски.

Државното средно училиште започна со селективни тренинзи во врска со уписот на ученици во учебната 2016/2017 година, во спортовите кошарка, фудбал, ракомет и тенис. Спортска академија овозможува сите ученици од четирите спорта да имаат утрински тренинзи организирани од страна на Академијата, со високо професионални тренери избрани од федерациите на посебен конкурс, кои вообичаено се и селектори на младинските репрезентации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*