Уписи

Информации за упис во ДСУ Спортска академија 2018/2019

 

Врз основа на Конкурсот на Министерството за образование и наука за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Македонија, Законот за Спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/14 и 129/15), Одлуката на Владата за основање на Спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.217 од 11 декември 2015год., Статутот на ДСУ Спортска академија – Скопје и одлуката на Наставничкиот колегиум. Училишната комисија за спроведување на Конкурсот за упис на ученици во прва година за учебната 2018/2019 год. за спроведување на првиот уписен рок формираше комисии за прием на документи (во прилог) и преку интерен оглас објави два термини за пријавување, Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни односно:

  • 06.2018г. (понеделник) и 19.06.2018г. (вторник) од 07:00 – 15:00ч. – прво пријавување
  • 06.2018г. (четврток) од 07:00 – 15:00ч. – второ пријавување.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24 август 2018 година.

Напомена: Потврдите за помината селекција издадена од конкретната спортска федерација ја испраќа федерацијата во училиштето.


УПИСИ – ДСУ СПОРТСКА АКАДЕМИЈА 2018/2019

ЈАВЕН ПОВИК

за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во Спортска aкадемија

Спортската академија по шестти пат започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои што ќе бидат дел од ДСУ Спортска академија во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2018/2019 година.

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, во средно училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во фази:

– Скаутирање од стручни лица

– Селекција од стручен тим

– Тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија

Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција како и листата на одговорни контакт лица за секој спорт од конкретната Спортска федерација е следната:


За спортската паралелка по фудбал

(Фудбалска федерација на Македонија)

 

Тетово

(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Гостивар, Куманово, Дебар и Кичево)

СОСУ МОША ПИЈАДЕ – Тетово (една паралелка на македонски и една паралелка на албански јазик)

Датум: 24.04.2018 (вторник)

Место: Терен на Општина Тетово со вештачка трева

Почеток: 10:30 часот

Собир и евидентирање: 09:30 часот

Пријавување најдоцна до 20.04.2018 г. кај регионалниот координатор Насуф Латифи 070/502-151 и Борче Мирчевски 075/334-224

Охрид

(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Струга и Дебар)

ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕВСКИ“ – Охрид (една паралелка на македонски јазик)

Датум: 25.04.2018 (среда)

Место: Терен на Општина Охрид со вештачка трева Биљанини Извори

Почеток: 11:00 часот

Собир и евидентирање: 10:00 часот

Пријавување најдоцна до 23.04.2018 г. кај регионалниот координатор Гоце Толески 078/208-604

 

Битола

(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Ресен, Демир Хисар)

СОУ „КУЗМАН ШАПКАРЕВ“ – Битола (една паралелка на македонски јазик)

Датум: 26.04.2018 (четврток)

Место: Терен на Општина Битола со вештачка трева Почеток: 12:00 часот

Собир и евидентирање: 11:00 часот

Пријавување најдоцна до 23.04.2018 г. кај регионалниот координатор Лазo Гаштаров 076/282 070

 

Струмица

(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Гевгелија, Валандово, Радовиш, Дојран, Берово, Пехчево, Демир Капија)

ДСУ СПОРТСКА АКАДЕМИЈА – Скопје (една паралелка на македонски јазик)

Датум: 07.05.2018 (понеделник)

Место: Тренинг Центар на ФФМ – Терени со вештачка трева Почеток: 11:00 часот

Собир и евидентирање: 10:00 часот

Пријавување најдоцна до 04.05.2018 г. кај регионалниот координатор Васко Георгиев 075/259-453

 

Прилеп

(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Крушево, М. Брод, Кавадарци и Неготино)

СОУ Гимназија „МИРЧЕ АЦЕВ“ – Прилеп (една паралелка на македонски јазик)

Датум: 08.05.2018 (вторник)

Место: Терен на Општина Прилеп со вештачка трева Почеток: 11:00 часот

Собир и евидентирање: 10:00 часот

Пријавување најдоцна до 04.05.2018 г. кај регионалниот координатор Тони Наумоски 078/308-575

 

Штип

(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Кратово, Крива Паланка, Каменица)

СОУ „КОЛЕ НЕХТЕНИН“ – Штип една (една паралелка на македонски јазик)

Датум: 09.05.2018 (среда)

Место: Терен на Општина Штип со вештачка трева Почеток: 11:00 часот

Собир и евидентирање: 10:00 часот – пријавување најдоцна до 04.05.2018г. кај регионалниот координатор Димитар Маџунаров 078/476-715

 

Скопје

(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Куманово)

ДСУ СПОРТСКА АКАДЕМИЈА – Скопје (една паралелка на македонски јазик)

Датум: 10.05.2018 (четврток)

Место: Тренинг Центар на ФФМ – Терени со вештачка трева

Почеток: 10:00 часот

Собир и евидентирање: 09:00 часот

Пријавување најдоцна до 05.05.2018г. кај регионалниот координатор Марјан Јовановски 078/748-915

 

*Вториот круг на селектирање, ќе се одржи на 22.05.2018, 23.05. и 24.05.2018 година и сите селективни натпревари од вториот круг ќе се одржат на Тренинг Центарот на ФФМ, за што ќе биде објавен дополнителен распоред, и за организацијата ќе бидат задолжени истите координатори.


За една машка и една женска паралелки по ракомет

(Ракометна федерација на Македонија)

 

Охрид

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Струга, Кичево)

Датум: 23.04.2018г

Место: спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид

Почеток: 11:00 ч

 

Прилеп

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Битола, Ресен, Кавадарци)

Датум: 25.04.2018г

Место: спортска сала „Арена Сонце“ – Тутунски Комбинат – Прилеп

Почеток: 11:00 часот

 

Велес

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Штип, Делчево, Виница, Кочани, Гевгелија, Богданци, Струмица, Валандово )

Датум: 27.04.2018

Место: спортска сала „Гемиџии“ – Велес

Почеток: 08:00 ч

 

Скопје

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово и Крива Паланка)

Датум: 04.05.2018

Место: Спортска сала при „Факултетот за физичко образование, спорт и здравје“ – УКИМ, Скопје

Почеток: 08:00 ч


За спортските паралелки по кошарка

(Македонска кошаркарска федерација)

Куманово

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Крива Паланка, Куманово…)

Датум: 10.05.2018г

Место: спортска сала при ДСУ „Перо Наков“

Почеток: 10:00 ч

 

Кочани

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање Штип, Македонска Каменица, Делчево, Радовиш, Струмица, Кочани…)

Датум: 04.05.2018г

Место: спортска сала ОУ „Кирил и Методиј“

Почеток: 11:00 ч

 

Охрид

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Кичево, Струга, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид…)

Датум: 03.05.2018г

Место: спортска сала „Билјанини извори“

Почеток: 11:00 ч

 

Скопје

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Тетово, Гостивар, Дебар, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Скопје…)

Датум: 11.05.2018г

Место: спортска сала „Кале” (мала сала)

Почеток: 10:00 ч


За спортската паралелка по тенис

(Македонска тениска федерација)

Скопје

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Велес, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и Маврово и Ростуше)

Датум: 27.04.2018г

Место: ТК Југ – Скопје, Градски Парк бб – Скопје

Почеток: 10:00 ч

 

Битола

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен, Вевчани, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Охрид и Струга)

Датум: 28.04.2018г

Место: ТК Битола – Битола, ул. Цане Василев 2/22 – Битола

Почеток: 10:00 ч.

 

Штип

(други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Свети Николе, Кратово, Берово, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Пехчево, Пробиштип, Валандово, Гевгелија и Дојран)

Датум: 28.04.2018г

Место: ТК Триумф ул. Брегалничка бб – Штип (спроти трговскиот центар ЕЛКОС)

Почеток: 10:00 ч

 

Финална селекција: за сите кандидати кои ќе ја поминат првата селекција

Датум: 18.05.2018г

Место: ТК Југ – Градски Парк бб – Скопје

Почеток: 10:00 часот.


УПИС ВО ДСУ СПОРТСКА АКАДЕМИЈА 2018/2019

Уписот на ученици во Академијата, покрај основните критериуми согласно закон, се врши по определено тестирање на нивните спортски вештини во 4 спорта – тенис, кошарка, фудбал и ракомет. По рангирањето врз основа на тестирањето, комисиите, односно националните спортски федерации, даваат потврди за завршено тестирање, а истите се задолжителни за упис на ученици во ова училиште.

 

Статусот на редовен ученик во училиштето се стекнува со запишување на учениците во прва година.

Основниот влез е завршено деветгодишно  образование и кандидатите да не се постари од 17 години.

 

Во Спортската академија се запишуваат редовни ученици кои завршиле основно образование, се стекнале со соодветен успех во основното образование, кој се утврдува во Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во Република Македонија и имаат Потврда за способности за спортски вештини за спортот за кој ученикот е проверуван согласно со членот 9 став (2) од Законот за спортска академија.

 

На ученикот кој се запишува во спортска академија задолжително му се врши проверка на способностите за спортски вештини, согласно Законот за спортска академија и Правилникот за начинот на проверката на способностите за спортски вештини на учениците за запишување во Спортска академија.

Министерството за образование и наука објавува Јавен повик за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во спортска академија.

 

Проверката на способностите за спортски вештини ја вршат стручни тимови кои ги формира министерот, составени од лица определени од министерот и лица определени од соодветните национални спортски федерации.

 

Одлука за запишување на учениците донесува Наставничкиот совет на Спортската академија.

 

По завршување на 4 година, учениците на Спортската академија полагаат Државна или Училишна матура и стекнуваат право на аплицирање на факултетите во образовниот систем на државата.

 

За сите спортови, контакт лица од Министерството за образование и наука се:
– Дана Бишкоска 075/346-973
– Нуран Кадриу Џамбази 076/445-059
– Пенка Мантова Здравковска 076/485-054

Секој кандидат е должен да пристигне и да го потврди своето присуство на местото каде што ќе се одвива селекцијата најмалку 30 мин пред почетокот на истата.

Сите кандидати/ученици, за сите спортови, кои ќе ја поминат првата фаза на селекција ќе бидат информирани за терминот за следната фаза на селекција.