Докузовски и Гечевски тренери на Државната спортска академија

Кошаркарските великани Марин Докузовски и Тодор Гечевски денес ја посетија Спортската академија каде што одржаа тренинзи со младите спортски надежи.

2sportska akademija

Оваа активност е во рамки на проектот „Гости тренери“ со кој што Министерството за образование и наука во соработка со Спортската академија и спортските федерации, спроведува процес за одржување тренинзи на еминентни имиња од областа на фудбалот, ракометот, кошарката и тенисот со учениците од академијата.

Инаку минатата недела со ракометната паралелка тренинг одржа трофејниот стратег Лино Червар, а присуствуваше и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој што посочи дека на овој начин Спортската академија прераснува во квалитетен расадник на идни потенцијални репрезентативци.

sportska akademija

-Со Спортската академија се создаде компактибилен процес на истовремено образување и градење на врвна спортска кариера на младите лица кои што имаат афинитети кон некој од спортовите, а со оваа активност дополнително се придонесува за унапредување на нивниот талент, изјави Ристовски.

Очекувањата се преку овој процес со помош на квалитетниот наставен кадар, како и со користење на пренесеното искуство и знаење од Докузовски и Гечевски, во Академијата ќе се создадат генерации кои што во иднина ќе го повторат или зголемат успехот постигнат на Европското првенство во Литванија.

1sportska akademija

Во наредниот период тренинзи ќе одржат Индира Кастратовиќ, Игор Ангеловски и други врвни спортски личности.

Спортската академија започна со работа во учебната  2012/2013 во рамки на Средното фискултурно училиште, а од минатата година е самостоен субјект, со вкупно 779 ученици од кои 385 во Скопје, а останатите во дисперзираните паралелки во другите градови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*