За четирите спортови кои се изучуваат во Спортската академија ќе бидат ангажирани врвни спортски тренери од странство

Од следната година врвни светски имиња од спортот ќе ги тренираат учениците од спортската академија. МОН почна со реализација на една од 4те нови  мерки  за развој на македонскиот спорт  кои ги најави Груевски. Ангажирањето на странски тренери  ќе биде од големо значење за успешно и професионално надградување на идните македонски  врвни фудбалери, кошаркари, ракометари и тенисери истакна заменикот министер за образование.  Веќе се разгледуваат неколку познати спортски имиња од фудбалот кои тренираат играчи во најдобрите клубови во светот. Најмногу ученици се запишале во фудбалската паралелка, така што МОН  првите средства за ангажман на тренер од овој ранг ќе ги издвои за фудбалерите.

Директорот Јовановски потенцира дека ангажманот на професионални тренери од странство ќе донесе бенефит во два правци.

jovanovski_ristovski

Младите спортисти се задоволни што ќе добијат можност за стручна соработка со врвни тренерски имиња. Кошаркарите посакуваат да ги посети  Обрадовиќ еден од најтрофејните европски тренери.

Ваквата инвестиција во спортот Ристовски очекува да врати повеќекратно за државата. Ова е една од 4те нови мерки за развој и унапредување на спортот кои ги промовираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Останатите три се однесуваат на зголемена поддршка од државата за спортските федерации и олимпискиот комитет, ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат  во клубови, спортисти, спортски федерации и директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја организирана лига.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*