Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години на Европското Првенство, Дивизија Б, коешто се одржа во Скопје го освои првото место, а со тоа и златниот медал.
Како
дел од оваа репрезентација беа и нашите ученици Марко Луканоски, Даријан
Димовски, Сергеј Петровиќ, Сергеј Младеновски и Никола Јаничиќ (кој го продолжи
своето образование во САД).
Никола Јаничиќ беше МВП на првенството, додека во идеалната петорка на
првенството го придружуваше Марко Луканоски.
Целиот тим на ДСУ Спортска Академија – Скопје се гордее на постигнатиот успех на овие ученици, како и на целата репрезентација и им посакува многу среќа во идните предизвици.