Македонскиот фудбалски талент Александар Грашески, ученик во трета година во ДСУ „Спортска академија“ – Скопје, стана дел од академијата на еден од најдобрите и најтрофејни клубови на Балканот – Динамо Загреб.
Одличните настапи и континуираниот напредок му донесоа стипендиски договор, што претставува голем чекор во неговата млада, но ветувачка кариера.
Грашески ќе настапува за У19 тимот на Динамо Загреб, каде што ќе има можност да се докаже и да се избори за место во сениорскиот состав на клубот.
Овој успех е уште една потврда за квалитетната работа и потенцијалот на младите македонски фудбалери на меѓународната сцена.