Во салата Народни херои се одигра пријателски натпревар помеѓу екипите на ДСУ Спортска академија и суперлигашот Металург 2, кој заврши со победа на Академијата со 33:27.
Вакви натпревари се предвидени во следните неколку недели, при што Спортска академија ќе ги одмери силите со екипите на РК Пролет млади, РК Спартак, РК Работнички, РК Вардар и РК Металурт.
Овие натпревари, кои претходат на предвидениот Мајски меѓународен турнир во организација на ДСУ Спортска академија, се контрола на досегашната работа при тренажниот процес во рамки на Наставниот план и програма на училиштето, како и квалитетна подготовка и воигрување пред претстојните меѓународни натпревари.
Во мај се предвидени меѓународни турнирски натпревари и во рамки на програмата на паралелките во фудбал и кошарка, додека учениците на тениските паралелки ќе учествуваат на Монтенегро опен и фјучерсот во Тунис.
Галерија:
[huge_it_gallery id=”8″]
Leave a Reply