Продолжува трендот: Елиф Елмас и Јани Атанасов ќе дебитираат за Македонија против Шпанците

Младите фудбалски суперталенти на македонскиот фудбал, Елиф Елмас и Јани Атанасов, ќе добијат повик во А-репрезентацијата на Македонија за квалификацискиот натпревар против Шпанија на 11. јуни, на арената „Филип Втори“ во Скопје, дознава ЕКИПА. Селекторот Игор Ангеловски е подготвен да им упати повик на младинските репрезентативци, кои се светла перспектива и веќе покажуваат зрелост со настапите и во сениорска конкуренција. Елиф Елмас е веќе еден од носителите на играта на Работнички, а и Јани Атанасов е стандарден во тимот на Академија Пандев, кој избори настап во прволигашка конкуренција за следната сезона.

Во А-селекцијата најверојатно повторно ќе биде повикан и младиот напаѓач Дарко Чурлинов, кој игра за младинскиот состав на Келн, а стана најмладиот фудбалер во историјата кој настапил во сениорскиот национален тим, откако дебитираше на пријателскиот натпревар против Белорусија во Скопје.

За квалификацискиот меч со Шпанија, селекторот Игор Ангеловски ќе ги нема на располагање фудбалерите од младата селекција до 21 година, кои под раководство на Благоја Милевски ќе почнат со подготовки за настап на Европското првенство во Полска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*