Ако Лино Червар беше последното големо ракометно име кое ја посети академијата додека се одвиваа тренинзите по ракомет, денеска во овој проект се вклучија и по знатите македонски кошаркарски тренери кои работата во странство, Емил Рајковиќ и Александар Тодоров.
Рајковиќ и Тодоров беа дел од тренингот на студентите на кој во најголем број беа репрезентативци од националните селекции до 16 и 18 години, а по планираните обврски за време на вежбите, во изјава за „Дерби“ своите импресии за проектот на Дејан Јовановски (прв човек на академијата) накратко ги искажа тренерот на Сласк Вроцлав.
– Со задоволство ја прифатив поканата на Дејан Јовановски да одржам тренинг во академијата. Секогаш сум подготвен да помогнам за било каков проект и било која екипа која ќе има за цел да работи за напредокот на македонските играчи. Ова беше една одлична можност да се запознаам со квалитетите на студентите во академијата. Има доста талентирани момци кои имаат светла иднина и се надевам дека голем дел од нив набрзо ќе ги видиме на прволигашките терени и во репрезентацијата на Македонија, – изјави Рајковиќ.
Leave a Reply