СЕДИ ДОМА, СПАСЕТЕ ЖИВОТ – СПОРТСКА АКАДЕМИЈА ФУДБАЛ ДИСПЕРЗИРАНИ ПАРАЛЕЛКИ ШТИП

https://www.youtube.com/watch?v=jsXU0-fkm6E&t=7s
Учениците од Спортска академија фудбал – Штип снимија видео во кое ја покреваат иницијативата за свесноста кај сите нас да се седи дома поради опасноста од вирусот Ковид 19. Тие укажуваат дека можат да го прават тоа што сакаат (да тренираат фудбал) и во карантински услови и да не ја изгубат вољата за учење и развој. Учениците на Спортска академија се пример како треба сите ние да се носиме со оваа карантинска состојба и да го поминуваме денот, при што нема да си ги запоставиме и школските обврски и ќе се грижиме воедно за нашето здравје.