По кој знае кој пат Спортската академија докажува дека е расадник на добри спортисти. Најнов пример е младиот Тома Георгиевски, ученик во втора година паралелка фудбал во Скопје кој потпиша за најстариот клуб во цела Италија, Џенова.
16-годишниот Георгиевски, кој е фудбалер на фудбалската школа Њу Старс од Скопје официјално стави потпис со Џенова каде понатака ќе го гради својот фудбалски пат.
Целиот колектив на училиштето му посакува успешна кариера и дека гордо ќе ја претставува Македонија на секое поле.