
- Прво пријавување:
Електронско аплицирање:
– од 14 јуни 2025 од 00:00 часот до 17 јуни 2025 до 23:59 часот
Доставување документи:
– 18 јуни 2025 од 08:00 часот до 19:00 часот
– 19 јуни 2025 од 08:00 часот до 17:00 часот
Конечната ранг листa со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2025 година најдоцна до 12:00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната на училиштето.
- Второ пријавување:
Електронско аплицирање:
– 30 јуни 2025 од 00:00 часот до 23:59 часот
Доставување документи:
– 01 јули 2025 од 10:00 часот до 19:00 часот
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 02 јули 2025 година најдоцна до 12:00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната на училиштето.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок:
– Пријавуње електронски на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00:00 часот до 15:00 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 21 август 2025 година од 08:00 часот до 17:00 часот
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 22 август 2025 година најдоцна до 10:00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната на училиштето.
По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
Обврска е документите да ги поднесе лично ученикот, родителот или неговиот старател.