Конкурс за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ за учебната 2023/2024 година

Врз основа на член 12-а од Закон за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/16 и 142/16) и Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија (“Службен весник на Република Македонија” бр.191/15), Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС 

за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“

за учебната 2023/2024 година

Министерството за образование и наука за учебната 2023/2024 година ќе додели стипендии за учениците запишани во ДСУ „Спортска академија“ во Република Северна Македонија.

  I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во ДСУ „Спортска академија“ во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици во Спортската академија од II, III и/или IV година

2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајот на учебната година;

3. Да не повторувале година во текот на образованието;

4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5. Да се државјани на Република Северна Македонија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  https://e-uslugi.mon.gov.mk/  од 02.10.2023 до 13.10.2023 година.

 III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавиле електронски потребно е да ги достават следните документи:

1.Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

2.Потврда дека е редовен  ученик во учебната 2022/2023 година издадена од ДСУ „Спортска академија“;

3.Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршена прва, втора и/или трета година на образованието;

4.Изјава потпишана од родител/старател дека кандидатот не е корисник на   друга стипендија  (објавена на сајтот mon.gov.mk)  и

5.Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која кандидатот се сложува.

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од лична трансакциска сметка.

Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

.IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

 Висината на стипендијата ќе изнесува 3500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се утврдат правата и обврските.

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 01.12.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 13.11.2023 година на сајтот mon.gov.mk и во ДСУ „Спортска академија“.